БОМБА УБИ 22 ВО КОПТСКАТА ХРИСТИЈАНСКА ЦРКВА ВО КАИРО

a:1:{s:9:"td_source";s:18:"Каиро,(АП)

    БОМБА УБИ 22 ВО КОПТСКАТА ХРИСТИЈАНСКА ЦРКВА ВО КАИРО

    Од бомбата што денеска експлодира во главната коптска христијанска катедрала во Каиро загинаа 22, а 35 луѓе се повредени, според египетската државна телевизија. Ова е вториот смртоносен напад во главниот град на Египет за два дена.

    Егпетската државна агенција МЕНА соопшти дека напаѓачот ја фрлил бомбата во капелата близу надворешниот ѕид на катедралата „Свети Марко“, седиште на Египетската православна христијанска црква и дом на нејзиниот духовен водач папата Тавадрос Втори.

    Во петокот, 6-мина полицајци загинаа во бомбашкиот напад што го изведе група која се смета за блиска до незаконската Муслиманско братство. За денешниот напад уште никој не ја презел одговорноста, но има сомнеж за исламистичките милитанти кои се борат против владата на претседателот Абдел Фатех ел-Сиси. Како министер за одбрана, Ел-Сиси го водеше пучот против Мохамед Морси, избраниот исламистички претседател кој го поддржува Братството. За возврат, исалмистичките милитанти изведоа низа напади врз безбедносните сили и христијаните, додека владата почна чистка на поддржувачите на Морси и на други активисти.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира