БРИТАНЦИТЕ ДА НЕ ПАТУВААТ ВО СТРАНСТВО, ОТИ ЌЕ ДОНЕСАТ ДРУГИ СОЕВИ НА КОВИД-19, ВЕЛИ ВЛАДИН СОВЕТНИК

    БРИТАНЦИТЕ ДА НЕ ПАТУВААТ ВО СТРАНСТВО, ОТИ ЌЕ ДОНЕСАТ ДРУГИ СОЕВИ НА КОВИД-19, ВЕЛИ ВЛАДИН СОВЕТНИКСе очекува премиерот на 12 април да каже дали и кога ќе се патува во странство. (Фото: Гети)

    Летните одмори во странство се исклучително непосакувани, поради ризикот патниците да донесат други соеви на коронавирус назад во Велика Британија, изјави научник од владино советодавно тело.

    „Велика Британија ќе се соочи со сериозен ризик ако луѓето патуваат во странство“, рече д-р Мајк Тилдсли.

    Во моментов не се дозволени патувања во странство, но оние кои мора да патуваат од оправдани причини, кога се враќаат одат во задолжителен карантин.

    „Мислам дека меѓународните патувања за ова лето, за жал, се исклучително непосакувани. Може да го донесат јужноафриканскиот сој, кој е поотпорен на вакцините. Особено е значајно што така ќе се загрози нашата имунизација“, рече д-р Тилдсли.

    Секретарот за транспорт Грент Шепс вели дека „е премногу рано“ да се каже кога ќе бидат дозволени патувањата во странски земји.

    Според досегашните информации, најран датум кога Британците ќе може да отпатуваат е 17 мај. Се очекува премиерот на 12 април да каже дали и кога ќе се патува. Жителите сега смеат да ја напуштат земјата само за ограничен број причини, како на пример заради работа или образование, и пополнуваат „Изјава за патување“.

    Секретарот за здравство Мат Хенкок вчера објави дека половина од возрасното население во Британија досега прими една доза од вакцината против ковид-19.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира