БРОЈНИ АМЕРИКАНСКИ И ЦИВИЛНИ ЖРТВИ ВО ДВА НАПАДА ВО КАБУЛ, ВЕЛИ ПЕНТАГОН

    БРОЈНИ АМЕРИКАНСКИ И ЦИВИЛНИ ЖРТВИ ВО ДВА НАПАДА ВО КАБУЛ, ВЕЛИ ПЕНТАГОНРусија објави дека има 13 мртви и 15 повредени во обата напада. (Фото: Толо)

    Портпаролот на Пентагон рече дека во експлозиите на аеродромот во Кабул има бројни американски и цивилни жртви, како резултат на „комплексен напад“, со една експлозија пред влезот на аеродромот каде толпа луѓе чекаше да влезе, а другата пред хотел во близината. Русија објави дека има 13 мртви и 15 повредени во обата напада.

    Дописникот на Би-Би-Си во Кабул вели дека според видеата што се споделуваат онлајн, има купишта мртви тела и се очекува бројот на загинати да расте. Талибанците првично рекоа дека има најмалку 11 загинати.

    Според фотографиите од авганистанската агенција Толо, многу повредени мажи, жени и деца се пренесуваат со колички и бегаат од местото на нападот, што укажува дека брзата помош не може да стигне дотаму.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира