ДЕВЕТМИНА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА НА МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ВО АВСТРИЈА

    ДЕВЕТМИНА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА НА МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ВО АВСТРИЈАВо автобусот имало 18 патници, десетмина, меѓу кои и 4 деца, се неповредени во сообраќајката близу Линц(Фото: ОРФ)

    Деветмина патници се потешко повредени во судирот меѓу македонски автобус и товарен камион утринава околу 6 часот на автопатот близу Линц, Австрија. Според австриските медиуми, во судирот се превртела и кабината на камионот товарен со трупци, а возачот останал заробен внатре.

    Во автобусот имало 18 патници. Десетмина, меѓу кои и 4 деца се неповредени. Нема детали за името на компанијата и превозникот на автобусот.

    Во судирот се превртела и кабината на камионот товарен со трупци, а возачот останал заробен внатре (Фото: ОРФ)

    Повредените се згрижени во болница, а поради несреќата утринава беше затворен и автопатот кон Линц.

    Во македонското Министерство за надворешни работи сè уште немаат податоци за сообраќајката, но велат дека ќе проверат.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари