ГЕРМАНИЈА ИМ ЗАБРАНИ НА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ДА ВЛЕГУВААТ ВО ПРОДАВНИЦИ И БАРОВИ, ОД ФЕВРУАРИ МОЖНА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА

    ГЕРМАНИЈА ИМ ЗАБРАНИ НА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ДА ВЛЕГУВААТ ВО ПРОДАВНИЦИ И БАРОВИ, ОД ФЕВРУАРИ МОЖНА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈАИ Меркел и нејзиниот наследник Олаф Шолц се залагаат за задолжително вакцинирање (Фото: ДПА)

    Само оние кои се вакцинирани против ковид-19 или ја прележале болеста ќе можат да влегуваат во продавници, барови и културни установи, одлучија денеска федералните и регионалните власти на Германија. Строгите мерки, кои се веќе на сила во некои покраини, ќе бидат проширени на национално ниво и ќе зависат од локалната стапка на ширење на коронавирусот.

    Германскиот парламент исто така ќе гласа за воведување на задолжителното вакцинирање, за што се залагаат и Ангела Меркел и нејзиниот наследник Олаф Шолц. Засега не се знае од кога би почнало да се применува, но како најран термин се споменува февруари 2022.

    „Културните и забавните места ќе бидат отворени само за оние кои вакцинирани или ја прележале болеста. Ситуацијата е многу сериозна и мора да донесеме дополнителни мерки покрај оние кои веќе се на сила“, изјави Меркел.

    Таа вели дека секогаш се противела на задолжителната вакцинација, но сега би гласала за неа доколку беше пратеник.

    Германија денеска регистрираше 73.000 нови случаи и 388 починати од ковид-19, а седумдневната инциденца изнесува 439,2 новозаразени на 100.000 жители.

    „Бројот на новозаразени се стабилизираше, но на многу високо ниво. Новите мерки се чин на национална солидарност зашто мора да се растовари здравствениот систем“, кажа Меркел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира