Германија ќе ги олесни правилата за карантин, а ќе воведе дополнителни ограничувања за рестораните и баровите, поради порастот на позитивни на коронавирус. Канцеларот Олаф Шолц и премиерите на 16-те федерални држави на одлучија да ослободат обврската за карантин оние кои неодамна примиле втора или трета вакцина и луѓе кои неодамна се опоравиле од инфекција, ако биле во контакт заразен.
Должината на карантинот ќе се намали на 10 дена, со можност за излегување од седмиот ден ако лицето е негативно. Во моментов, карантинот трае до 14 дена во зависност од повеќе фактори. Шолц и лидерите на државите се согласија да се заострат условите за влез за баровите и рестораните. Според плановите, луѓето ќе треба да се тестираат пред да одат во ресторани, освен ако не примиле трета доза.
Влезот во баровите и рестораните е веќе ограничен, а пристапот е дозволен само за оние кои се вакцинирани или неодамна закрепнати од вирусот. Ова правило ќе остане на сила.
Синдикатот на угостителската индустрија ги поздрави новите правила за влез во рестораните.
„Добро е што има униформни регулативи и што угостителската индустрија не е целосно затворена. Новите прописи, исто така, предвидуваат поголема безбедност за гостите и вработените“, рече претседателот на сидикатот Гвидо Цајтлер.
Шолц рече дека треба да се очекува оти бројот на заразени ќе се зголеми како резултат на сојот омикрон. Тој повторно апелираше за вакцинација, оти сегашната стапка од скоро 72 отсто вакцинирани со две вакцини и скоро 43 отсто со трета доза е премногу ниска.