ГЕРМАНИЈА САМА ЌЕ ПРЕГОВАРА СО РУСИЈА ЗА НАРАЧКА НА ВАКЦИНАТА „СПУТНИК“, ОТИ ЕУ НЕМА ДА НАРАЧУВА ЗА ЗЕМЈИТЕ-ЧЛЕНКИ

    ГЕРМАНИЈА САМА ЌЕ ПРЕГОВАРА СО РУСИЈА ЗА НАРАЧКА НА ВАКЦИНАТА „СПУТНИК“, ОТИ ЕУ НЕМА ДА НАРАЧУВА ЗА ЗЕМЈИТЕ-ЧЛЕНКИЖителите на Берлин чекаат во редицата за ковид вакцинација во Арената Трептов, каде се користи само вакцината на “Фајзер“. (Фото: АП)

    Министерот за здравство на Германија рече дека Европската унија нема да ja нарача руската вакцина против ковид-19 „спутник“ и дека неговата земја ќе одржи билатерални разговори со Русија за тоа дали има смисла да нарачува. Министерот за здравство Јенс Шпан изјави дека Европската комисија вчера соопшти оти нема да нарачува „спутник“ во име на земјите-членки, како што тоа го стори со другите производители.

    Шпан им рече на своите колеги министри за здравство во ЕУ дека Германија „ќе разговара билатерално со Русија, пред сè за тоа кога и какви количини би можеле да дојдат“. Тој рече дека „за навистина да се направи промена во нашата моментална состојба, испораките ќе треба да се направат во следните два до четири или пет месеци“. Во спротивно, рече тој, Германија веќе би имала „повеќе од доволно вакцини“.

    Шпан повтори дека, што се однесува до Германија, „спутник“ мора да биде одобрена за употреба од Европската агенција за лекови, и „за тоа Русија мора да достави податоци“.

    Вчера, гувернерот на Баварија изјави дека неговата администрација потпишува прелиминарен договор за да добие 2,5 милиони дози „спутник“, веројатно во јули, ако вакцината биде одобрена ЕМА.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира