ГЕРМАНСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА ОДБРАНА ФОН ДЕР ЛАЈЕН ЌЕ БИДЕ ПРВА ЖЕНА НА ЧЕЛО НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА

    ГЕРМАНСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА ОДБРАНА ФОН ДЕР ЛАЈЕН ЌЕ БИДЕ ПРВА ЖЕНА НА ЧЕЛО НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈАЈа доби поддршката од Ангела Меркел за новата функција. - Урсула фон дер Лајен при посетата на Македонија во септември 2018 (Фото: СДК.МК)

    Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен ќе биде прва жена на чело на Европската комисија откако беше номинирана за оваа позиција по тридневен самит.

    Номинацијата на блиската соработничка на Ангела Меркел дојде како мало изненадување, откако главните конкуренти беа одбиени, вклучувајќи го и досегашниот заменик на Жан-Клод Јункер, Франс Тимерманс.

    Претседателката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард е номинирана за нов шеф на Европската централна банка, на местото на Марио Драги. Белгискиот либерален премиер Шарл Мишел ќе го наследи Доналд Туск како претседател на Европскиот совет. Шпанецот Хосеп Борел треба да ја наследи Федерика Могерини како висок претставник за безбедносна и надворешна политика на Унијата.

    Шеесет и едногодишната Фон дер Лајен е министерка за одбрана од 2013 и откако Меркел стана канцеларка во 2005, постојано беше членка на нејзиниот кабинет. Доналд Туск истакна дека Фон дер Лајен и сега добила поддршка од Меркел.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира