ГРЦИЈА ПОДИГНА ОГРАДА НА ГРАНИЦАТА СО ТУРЦИЈА ЗА ДА ГИ ОДВРАТИ ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ МИГРАНТИ ОД АВГАНИСТАН

    ГРЦИЈА ПОДИГНА ОГРАДА НА ГРАНИЦАТА СО ТУРЦИЈА ЗА ДА ГИ ОДВРАТИ ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ МИГРАНТИ ОД АВГАНИСТАННастаните во Авганистан ги засилија стравовите во Европската унија дека ќе повтори мигрантската криза од 2015 година. - Оградата на грчко-турската граница (Фото: Катимерини)

    Грција соопшти дека ја завршила изградбата на ограда долга 40 километри на границата со Турција и дека е поставен нов систем за надгледување за да се спречат можните мигранти да влезат во Европа по преземањето на Авганистан од Талибанците.

    Настаните во Авганистан ги засилија стравовите во Европската унија дека ќе повтори мигрантската криза од 2015 година, кога речиси еден милион луѓе преминаа од Турција во Грција, бегајќи од нестабилноста на Блискиот исток, а потоа продолжија на север кон побогатите европски држави.

    Според грчкиот министер Михалис Хрисохоидис, кризата во Авганистан создаде можности за нови напливи на мигранти.

    „Не можеме да чекаме пасивно. Нашите граници ќе останат безбедни и непроодни“, изјави тој.

    Хрисохоидис кажа дека оградата, која е продолжение на претходната ограда долга 12,5 километри била комплетирана изминатите неколку дена и дека има модерен, автоматизиран систем за надгледување.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира