ХАКИРАНА КАМПАЊАТА НА МАКРОН, ПОДАТОЦИТЕ ИЗЛЕГОА НА ИНТЕРНЕТ

    ХАКИРАНА КАМПАЊАТА НА МАКРОН, ПОДАТОЦИТЕ ИЗЛЕГОА НА ИНТЕРНЕТХакерскиот напад е изведен само ден и пол пред претседателските избори во Франција што се сметаат за едни од најважните во последните неколку децении, а фаворитот, центристот Емануел Макрон, вчера ја зголеми предноста пред екстремната десничарка Марин ле Пен (Фото: АП)

    Кампањата на водечкиот француски претседателски кандидат Емануел Макрон доцна синоќа изјави дека бил цел на „масивен” хакерски напад, кој ги ставил на Интернет електронските пораки на кампањата, на само ден и пол пред гласачите да избираат меѓу кандидатот на центарот и екстремнодесничарскиот ривал Марин ле Пен. Макрон, кој важи за главен фаворит на изборите што се сметаат за едни од најважните во Франција во последните неколку децении, вчера ја зголеми предноста пред Ле Пен.

    Околу 9 гигабајти податоци беа објавени на профил со името EMLEAKS на Pastebin, еден сајт кој овозможува анонимно споделување документи. Не беше веднаш јасно кој е одговорен за објавувањето на податоците или дали тие се автентични. Во соопштението, политичко движење Натаму! на Макрон потврди дека биле хакирани.

    „Движењето Натаму! е жртва на масивен и координиран хакерски напад вечерва, што донесе до ширење на разни внатрешни информации на социјалните медиуми”, се вели во соопштението.

    Официјален претставник на Министерството за внатрешни работи одби да коментира, повикувајќи се на француските правила кои забрануваат каков било коментар кој може да влијае на изборите, што стапи на сила синоќа на полноќ.

    Изборната комисија соопшти дека денеска ќе одржи состанок откако кампањата на Макрон ја известила за нападот и објавување на податоците. Таа ги повика медиумите да бидат претпазливи во врска со објавување детали за пораките, со оглед дека кампањата е завршена и објавувањето може да доведе до кривична пријава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира