ИРАН ВЕЛИ ДЕКА ВЕЌЕ НИШТО НЕ ГО СПРЕЧУВА ДА РАЗВИЕ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ

    ИРАН ВЕЛИ ДЕКА ВЕЌЕ НИШТО НЕ ГО СПРЕЧУВА ДА РАЗВИЕ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕСтотици илјади Иранци денеска излегоа на улица за да му оддадат почит на Солејмани (Фото: АП)

    Иран објави дека веќе не го обврзуваат никакви ограничувања од нуклеарниот договор што во 2015 година го потпиша со светските сили, откако завчера во американски воздушен напад беше убиен неговиот најмоќен генерал Касем Солејмани. Овој договор го блокираше Техеран да се снабдува со доволно материјал за создавање на нуклеарно оружје.

    Иран додаде дека останува отворен за преговори со европските партнери, кои досега не беа во можност да му понудат начин за продажба на неговата сирова нафта поради санкциите од САД. Исто така, Иран кажа дека нема да ја прекине соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија.

    Ова е најсериозната нуклеарна закана од Иран откако Доналд Трамп еднострано ги повлече САД од договорот во мај 2018, што би можело да ги засили регионалните тензии имајќи предвид дека Израел вети дека никогаш нема да му дозволи да развие нуклеарно оружје.

    Стотици илјади Иранци денеска излегоа на улица за да му оддадат почит на Солејмани, кој ќе биде погребан во вторник.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира