КЛИМАТСКИТЕ АКТИВИСТИ САМО КРЕВААТ ПАНИКА, КАЖА ТРАМП НА СВЕТСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ ВО ДАВОС

    КЛИМАТСКИТЕ АКТИВИСТИ САМО КРЕВААТ ПАНИКА, КАЖА ТРАМП НА СВЕТСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ ВО ДАВОСТрамп во Давос на големо ја фалеше американската економија (Фото: АП)

    Доналд Трамп се обиде да ги омаловажи „климатските пророци на уништувањето“ во својот говор на Светскиот економски форум во Давос, каде што одржливоста е главна тема оваа година. Тој побара да се отфрлат предвидувањата дека Земјата ја чека апокалипса и кажа дека Америка ќе ја одбрани својата економија, која доживува „досега невиден, спектакуларен бум“.

    „Време е за оптимизам, не за песимизам“, им кажа Трамп на политичките и бизнис лидери кои се собраа во Давос.

    Уништувањето на животната средина е темата за која многу ќе се дискутира во Давос, поради што се присутни и голем број еколошки и климатски активисти, вклучувајќи ја и Грета Тунберг.

    „Тие само креваат паника и бараат иста работа: апсолутна моќ да доминираат, трансформираат и контролираат секој аспект од нашите животи“, изјави Трамп, кој не пропушти шанса да ја испофали американската економија.

    Тој зборуваше набргу по 17-годишната Тунберг, која предупреди дека глобалните петочки протести за климата, што таа ги поттикна, се само почеток на борбата.

    „Мора да почнеме да ја слушаме науката и да ја третираме кризата со исклучителна важност. Оваа криза мора да ја сфатиме како реалност. Сакаме акција не во 2030, 2050 или во 2021 година, туку сега“, кажа Тунберг.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира