МЕЛАНИЈА НЕМА ДА ГО ПРИДРУЖУВА ДОНАЛД ТРАМП НА ПРЕТСТОЈНОТО ПАТУВАЊЕ ВО КАНАДА

    МЕЛАНИЈА НЕМА ДА ГО ПРИДРУЖУВА ДОНАЛД ТРАМП НА ПРЕТСТОЈНОТО ПАТУВАЊЕ ВО КАНАДАПрвата дама ја нема во јавност од 10 мај, кога таа и нејзиниот сопруг ги пречекаа тројцата американски заложници ослободени од Северна Кореја. (Фото: АП)

    Првата дама Меланија Трамп нема да му се придружи на нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, на претстојното патување во странство овој месец, потврди нејзиниот портпарол.

    Портпаролката Стефани Гришам кажа дека Меланија Трамп нема да патува со претседателот Доналд Трамп во Квебек на самитот Г-7 оваа недела. Таа исто така кажа дека не е планирано Меланија да го придружува претседателот во Сингапур на 12 јуни на состанокот со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.

    Но, еден час подоцна Гришам за „Си-Ен-Ен“ изјави дека Меланија Трамп ќе присуствува на настанот во Белата куќа, каде е организирана вечера во чест на фамилиите на одликуваните војници кои загинале во војна која ќе се одржи вечерва. Приемот ќе биде затворен за медиумите.

    Првата дама ја нема во јавност од 10 мај, кога таа и нејзиниот сопруг ги пречекаа тројцата американци кои беа заробени во Северна Кореја.

    Кусо време потоа таа беше на операција за третман на бенигна состојба на бубрезите, а Белата куќа објави дека процедурата поминала добро. Се очекуваше таа да ја напушти болницата кратко потоа, но оттогаш не е видена во јавноста, и не го придружуваше претсадателот и неговите деца викендов во Кемп Дејвид.

    Нејзиното отсуство разгоре шпекулации дека всушност заминала на пластична операција или дека се преселила во Њујорк.

    Твитот на нејзиниот профил во кој вели дека се чувствува прекрасно, не ги стивна шпекулациите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира