МЕРКЕЛ И МАКРОН НЕ НАЈДОА РЕШЕНИЕ ЗА СИТУАЦИЈАТА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН, НОВ СОСТАНОК ВО ЈУЛИ ВО ПАРИЗ

    МЕРКЕЛ И МАКРОН НЕ НАЈДОА РЕШЕНИЕ ЗА СИТУАЦИЈАТА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН, НОВ СОСТАНОК ВО ЈУЛИ ВО ПАРИЗНа состанокот во Берлин присуствуваа македонскиот премиер Зоран Заев, Александар Вучиќ од Србија, Еди Рама од Албанија, Хашим Тачи од Косово, Мило Ѓукановиќ од Црна Гора и Денис Звиздиќ од БиХ, а како гости беа поканети и премиерите на Словенија и Хрватска, Марјан Шарец и Андреј Пленковиќ. (Фото: Влада на РСМ)

    По три часа разговори зад затворени врати со лидерите на земјите од Западен Балкан, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон не најдоа решение ситуацијата во регионот, пред сѐ, за односите меѓу Србија и Косово. Сепак, и Меркел пред вчерашниот состанок во Берлин кажа дека повеќе се работи за неформална средба и не се очекуваат веднаш резултати.

    Српскиот претседател Александар Вучиќ по состанокот им се заблагодари на Меркел и Макрон, за кои рече дека се однесувале рационално и се обидувале да најдат решение за ситуацијата во Западен Балкан.

    „Можам да им се заблагодарам на Меркел и Макрон, тие се однесуваа рационално и се обидуваа да најдат решение за ситуацијата во Западен Балкан и се посветени да најдат излез од ќорсокакот‘, кажа Вучиќ и најави нов состанок во истиот формат во јули во Париз.

    Претседателот на Косово Хашим Тачи рече дека нема да има помирување во регионот сѐ додека Србија и БиХ не го признаат Косово.

    На состанокот во Берлин присуствуваа македонскиот премиер Зоран Заев, Александар Вучиќ од Србија, Еди Рама од Албанија, Хашим Тачи од Косово, Мило Ѓукановиќ од Црна Гора и Денис Звиздиќ од БиХ, а како гости беа поканети и премиерите на Словенија и Хрватска, Марјан Шарец и Андреј Пленковиќ, како и Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира