МИЦОТАКИС СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ СТАВИ ВЕТО НА ПРИЕМОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ АКО БИДЕ ПРЕМИЕР

    МИЦОТАКИС СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ СТАВИ ВЕТО НА ПРИЕМОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ АКО БИДЕ ПРЕМИЕРДоговорот од Преспа не е никаква гаранција за европските амбиции на Македонија, кажа Кирјакос Мицотакис

    Лидерот на опозициската Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис, се закани дека ќе стави вето на членството на Македонија во Европска Унија ако биде премиер на Грција. За време на вториот ден од дебатата во грчкиот парламент за Договорот од Преспа, чие ратификување е одложено за утре попладне, Мицотакис кажа дека тој не е никаква гаранција за европските амбиции на Македонија, наспроти тврдењето на премиерот Алексис Ципрас дека тоа е историски чекор за двете држави.

    „Грција во секој момент може да стави вето на приемот на Скопје во европското семејство. Ако Грците ми ја дадат довербата да бидам премиер, јас ќе одбијам да го протолкувам договорот на тој начин. Што се однесува до Договорот од Преспа, тој е како минско поле. Еднаш кога ќе се ратификува, нема да може да се измени и затоа имате историска одговорност да го одбиете“, рече Мицотакис.

    Поранешниот министер за надворешни работи и еден од архитектите на Договорот, Никос Коѕијас, го нападна Панос Каменос, бившиот министер за одбрана кој поради несогласување со Ципрас ја повлече својата партија од владата, откако тој за предавници ги прогласи оние кои ќе гласаат „за“.

    „Договорот од Преспа ќе биде добар за вас. Тој го решава проблемот што вие не можевте да го решите“, кажа Коѕијас.

    Седницата беше прекината половина час пред полноќ по грчко време и ќе продолжи утре. За ратификацијата на Договорот, Парламентот ќе гласа утре во 14.30 часот по локално време (13.30 по македонско).

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира