НАД 3.000 ЖРТВИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА, МРАЗОТ И ДОЖДОТ ГО ОТЕЖНУВААТ СПАСУВАЊЕТО

    НАД 3.000 ЖРТВИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА, МРАЗОТ И ДОЖДОТ ГО ОТЕЖНУВААТ СПАСУВАЊЕТОЗемјотресот уште повеќе ги опустоши градовите на милиони Сиријци кои страдаат поради 11-годишната граѓанска војна. (Фото: АП)

    Бројот на жртви во катастрофалниот земјотрес се искачи над 3.000 луѓе низ територијата на Турција и северозападна Сирија, а зимскиот мраз и дождовите ги попречуваат напорите за пронаоѓање преживеани, и ја отежни состојбата на илјадниците повредени или без покрив над главата.

    Температурите во некои области се очекува да паднат под нулата во текот на ноќта, влошувајќи ги условите за луѓето заробени под урнатините или оставени без покрив над главата. Денеска паѓа дожд откако викендов земјата ја зафати снежното невреме. Десетици илјади кои останаа без покрив над главата во Турција и Сирија се соочија со ноќ на студ. Во турскиот Газиантеп, главен град на провинцијата на околу 33 километри од епицентарот, луѓето се засолнија во трговски центри, стадиони и социјални центри. Џамиите низ регионот беа отворени за да се обезбеди засолниште.

    Југоисточниот дел на Турција утрово го погоди земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтерова скала, најсилен од 1939, урна цели станбени блокови во турските градови и уште повеќе ги опустоши градовите на милиони Сиријци кои страдаат поради 11-годишната граѓанска војна. Неполни 12 часа подоцна уследи уште еден од 7,5 степени, за кој експертите кажаа дека не бил афтершок, туку независен земјотрес.

    „Беше како апокалипса“, рече Абдул Салам ал-Махмуд, Сириец во северниот град Атареб. „Брутално е студено и има силен дожд, а треба да се спасат луѓето“.

    Вториот земјотрес беше доволно силен за да урне повеќе згради и, како и првиот, беше почувствуван низ целиот регион, загрозувајќи ги спасувачите кои се борат да извлечат жртви од урнатините.

    Во Турција, бројот на загинати изнесува 2.316, а над 13.000 лица се евидентирани како повредени. Најмалку 1.293луѓе загинаа во Сирија, според податоците на владата во Дамаск и спасувачите во северозападниот регион контролиран од бунтовниците.

    Ова е веќе најголем број загинати од земјотрес во Турција од 1999, кога земјотрес со слична јачина го уништи пренаселениот источен регион на Мраморното Море во близина на Истанбул, при што загинаа над 17.000 жители.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира