НАЈМАЛКУ ШЕСТМИНА ЗАГИНАТИ ВО НАПАДОТ ВО МИНХЕН

a:1:{s:9:"td_source";s:39:"Минхен,(разниизвори)

    НАЈМАЛКУ ШЕСТМИНА ЗАГИНАТИ ВО НАПАДОТ ВО МИНХЕН

    Најмалку шестмина загинаа и многумина се повредени при пукањето во трговски центар во Минхен, потврди полицијата. Според очевидци има тројца напаѓачи со оружје, а соред полициски извор има двајца напаѓачи. Германските медиуми известуваат дека има најмалку 10-15 мртви. Засега никој не е уапсен, а акцијата на полицијата е во полн ек, соопшти полицајата.

    Пукање имаше во метро станицата Стахус во центарот на Минхен, на околу 3 километри од трговскиот центар, а се евакуира и главната железничка станица. Нападот почнал во ресторанот „Мекдоналдс“ во трговскиот центар, околу 18 часот. Вооружен маж трчал низ трговскиот центар и пукал на луѓето, по што тој побегнал кон подземната железница, вели очевидец.

    Областа околу трговскиот центар Олимпија – Ајнкауфцентрум (ОЕЗ) е блокирана. Ова најголемиот трговски центар во Баварија. Хеликоптери го надлетуваат трговскиот центар, а на работниците им е забрането да ги напуштат продавниците.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари