Хрватската пејачка Северина Вучковиќ сношти била приведена и испрашувана на српската граница поради, како што велат медиумите, „некоја контроверзна изјава“.
По разговорот со полицијата, на Северина и бил дозволен влез во Србија, но таа решила да се врати во Хрватска.
Пејачката денеска проговори за случувањата на границата:
„Точно е дека имав блиска средба со органите на редот и редот на хрватско-српската граница од српска страна. Во неделата околу 19:45 часот со мојот менаџер пристигнав на граничниот премин Бајаково од српска страна. Требаше да пеам на 18-ти роденден. Сепак, судбината не сакаше така.
При преглед на документите, граничниот полицаец нѐ замоли да застанеме настрана. Мојот српски адвокат веднаш повика гранична полиција, но безуспешно. Бевме ставени настрана неколку часа, седејќи во автомобилот. Потоа отидов во зградата на граничната полиција барајќи тоалет, а по пат ми рекоа дека чекаат инспектори кои патуваат од Белград“. Сфатив дека станува ’сериозно’. Кога стасаа околу 22 часот и 15 минути, најпрвин 45 минути ни го претресуваа возилото и нашите работи детално, како да сме последните ситни шверцери. Како и да е, тие бараа оружје. Ме прашаа каде одам и дали имам работна дозвола за настап, а потоа ме одведоа во зградата на полицијата на разговор. Во автомобилот не нашле ништо непристојно. Се разбира“, рекла Северина.
За време на сослушувањето, како што вели пејачката, почнале да ѝ поставуваат прашања што мисли за Сребреница, зошто ги поддржувала демонстрациите против ископувањето литиум и зошто напишала дека тоа е Србија која ја сака, а тема на разговорот биле и Јасеновац, и Туѓман. Пејачката вели дека прашања кои ѝ ги поставувале обично ги одговараат историчарите.
„Кога ме прашаа за Сребреница, полицаецот ми рече дека морал да пребарува што сум му кажала додека возел кон границата, па јас го упатив да ги побара на Милорад Додик од 2004 во емисијата на Сенад Хаџифејзовиќ., кога рече ‘Знам што се случи во Сребреница, тоа беше геноцид. Па, да, ја сакам Србија. Ја сакам Србија каде 100 илјади Срби протестираат за заштита на животната средина и за зачувување на својата држава. А тој што е моментално на чело на Србија нема да го оттргне вниманието од проблемите со кои се соочуваат Србите во Србија со малтретирање на мене.
Кога почнаа да ме испрашуваат за тоа што мислам за силуваните жени и за тоа дека Србите се протерани од Хрватска – реков дека секоја жртва е тешка, но дека ја прекинувам оваа претстава и дека повеќе нема да одговарам на нивните прашања. Да ми ги врати документите, затоа што нема да употребат сила врз мене, затоа што не сум човек погоден за заплашување и дека утре за сето тоа ќе читаат по сите медиуми. Реков и дека никогаш повеќе нема да дојдам во Србија се додека тој, добро знаете кој, е на нејзино чело“, вели меѓудругото Северина Вучковиќ.