НЕТАНЈАХУ НАЈАВИ АНЕКСИЈА НА ЗАПАДНИОТ БРЕГ АКО ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ

    НЕТАНЈАХУ НАЈАВИ АНЕКСИЈА НА ЗАПАДНИОТ БРЕГ АКО ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕНетанјаху планира да го прошири суверенитетот на Израел (Фото: Гети)

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека ќе анектира големи делови од окупираните палестински територии ако следната недела повторно биде избран. Тој додаде дека претходно ќе бара одобрување од Вашингтон за овој свој потег.

    „Сакам да го направам ова во максимална координација со Трамп“, изјави Нетанјаху.

    Тој најави дека сака да го спроведе израелскиот суверенитет врз Јорданската Долина и северниот дел на Мртво Море.

    Анкетите им даваат еднакви шанси на Ликуд на Нетанјаху и на опозициската партија Сино и бело на изборите што ќе се одржат за седум дена.

    Израел го окупираше Западниот Брег во војната во 1967 година, заедно со Источен Ерусалим, Газа и Голанската Висорамнина, но во меѓувреме не го присоедини кон државата. На оваа територија живеат 2,5 милиони Палестинци.

    Палестинците го сметаат целиот Западен Брег како дел од своја идна независна држава. Судбината на Западниот Брег останува во центарот на израелско-палестинскиот конфликт и Израел тука изгради 140 населби, во кои живеат 600.000 Евреи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира