НЕ УСПЕА ПУЧОТ ВО ТУРЦИЈА?

    НЕ УСПЕА ПУЧОТ ВО ТУРЦИЈА?Армиски борбени авиони летаат над Анкара за да ги неутрализираат хеликоптерите кои ги користат пучистите, јави турската државна агенција Анадолија. (Фото: Анадолија)

    Портпаролот на турското државно разузнавање изјави дека обидот за државен удар бил одбиен. Армиски борбени авиони летаат над Анкара за да ги неутрализираат хеликоптерите кои ги користат пучистите, јави турската државна агенција Анадолија.

    Се слушна силна експлозија во Истанбул, според очевидец на Ројтерс.

    Според Анадолија, зад пучот стои  групата „Фето“, како што турската влада го вика движењето Хизмет што го води свештеникот од САД Фетула Ѓулен.

    Се очекува наскоро да продолжат меѓународните летови од аеродромот во Истанбул, според Европската организација за безбедност на воздухоплова навигација. Слетувањата на истанбулскиот аеродром се уште се во прекин оти аеродромот е полн.

    Шефот на НАТО Јенс Столтенберг повика на целосно почитување на турските демократски институции. Германската канцеларка Ангела Меркел на Твитер соопшт дека мора да се почитува демократскиот ред во Турција и дека мора да се стори се за да се заштитат животите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари