Нобеловата награда за мир ѝ беше доделена на јапонска група преживеани од атомските бомбардирања на Хирошима и Нагасаки за нејзиниот активизам против нуклеарното оружје, во Нобеловиот институт во Осло, Норвешка.
Јорген Ватне Фриднес, претседател на Норвешкиот Нобелов комитет, рече дека наградата на Нихон Хиданкио е донесена бидејќи „табуто против употребата на нуклеарно оружје е под притисок“.
„Нобеловиот комитет сака да им оддаде почит на сите преживеани кои, и покрај физичкото страдање и болните спомени, избраа да го ја негуваат надежта и да се ангажираат за мир“, додаде тој.
Активистите за борба против нуклеарното оружје претходно беа одликувани од Нобеловиот комитет.
Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје ја освои наградата за мир во 2017, а во 1995 , Џозеф Ротблат и Пугваш конференциите за наука и светски прашања победија за „нивните напори да ја намалат улогата на нуклеарното оружје во меѓународната политика“.
Додека се доделуваше Нобеловата награда за мир во позадина се прикажаа снимки од разорните конфликти кои беснеат во светот, особено на Блискиот Исток и Украина.
Алфред Нобел во тестаментот навел дека наградата треба да се додели за „најмногу или најдобра работа за братство меѓу народите, за укинување или намалување на постојаните армии и за одржување и промовирање на мировни конгреси“. Од 1901, доделени се 104 Нобелови награди за мир, главно на поединци, но и на организации за кои се смета дека ги унапредуваат мировните напори.