ПАРИСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ПОЖАРОТ ВО КАТЕДРАЛАТА НОТР ДАМ

    ПАРИСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ПОЖАРОТ ВО КАТЕДРАЛАТА НОТР ДАМПоради пожарот што упте гори падна покривот на главната кула на катедралата Нотр Дам во Париз (Фото: АП)

    Париското обвинителство отвори истрага за пожарот на во катедралата Нотр Дам, едно од обележјата на Париз, што почна околу 18.30-18.50 часот вечерва поради што падна покривот на главната кула. Локалните медиуми велат дека обвинителите го истражуваат пожарот како инцидент. Пожарот уште гори во централниот дел на катедралата, но засега уште не е под контрола. Претставник на црквата кажа дека гори целата внатрешност на црквата од 12 век и дека најверојатно ќе биде уништена. Исто така гори и комплетната средновековна дрвена конструкција.

    Заменик-градоначалникот на Париз Емануел Грегоар рече дека има „колосална штета“ откако потврди дека паднал врвот. Тој кажа дека покривот паднал навнатре и дека работниците се борат да ги спасат сите бесценети уметнички дела што може да се спасат.

    На местото на настанот пристигна и претседателот Емануел Макрон заедно со премиерот и министерот за внатрешни работи. Засега нема податоци за жртви или повредени.

    Се претпоставува дека пожарот има врска со тековното реновирање на катедралата вредно 6 милиони евра.

    Изградена во 12. и 13. век, Нотр Дам (Богородичната црква) е една од најславните готски катедрали од средниот век како и една од најомилените објекти во светот, а ја посетуваат околу 14 милиони туристи годишно. Сместена на Иј де ла Сите, остров во Сена, архитектурата на катедралата е прославена, а меѓу бесценетите уметнички дела се витражните прозорци од розево стакло, како и католички реликвии, како круната од трње, која повремено се изложува особено секој петок за време на велигденските пости. Катедралата е овековечена и во делото на Виктор Иго „Ѕвонарот на Богородичната црква“ од 1831, и долго време е предмет на фасцинација во популарната култура и на традиционалниот уметнички свет.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари