ПОЖАРОТ ВО НОТР ДАМ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГАСИ СО АВИОНИ ОТИ ЌЕ СЕ УРНЕ КАТЕДРАЛАТА

    ПОЖАРОТ ВО НОТР ДАМ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГАСИ СО АВИОНИ ОТИ ЌЕ СЕ УРНЕ КАТЕДРАЛАТАОд безбедносни причини не може да се користат авионите за гасење пожари „канадер“ оти еден авион исфрла 6 тони вода при голема брзина, што може да повреди луѓе и да ја оштети структурата на катедралата и таа моше да се урне (Фото: АП)

    Катедралата Нотр Дам, едно од обележјата на Париз, гори веќе три часа, а од пожарот по еден час падна и покривот на главната кула. Француските властите велат дека се користат сите можни начини за да се совлада пожарот освен авиони. Според полициско соопштение, пожарникарите нема да може да ја спасат Нотр Дам, која е во процес на реставрација што требаше да трае во фази околу 20 години.

    Портпаролот на пожарната служба на Париз рече дека следниот час и пол е клучен за да се утврди дали пожарот може да биле локализиран.

    „Не сме сигурни дали може да го совладаме пожарот што се шири во северната кула“, рече портпаролот.

    Од безбедносни причини не може да се користат авионите за гасење пожари „канадер“ оти еден авион исфрла 6 тони вода при голема брзина, што може да повреди луѓе и да ја оштети структурата на катедралата и таа може да се урне.

    Претседателот Емануел Макрон, кој поради пожарот го одложи најавениот говор за кризата со протестите на жолтите елеци, е на местото на пожарот на состанок со полицијата и го смета за врвна вонредна состојба за државата.

    УНЕСКО рече дека стои заедно со Франција и ќе помогне во спасувањето и реставрацијата на катедралата од 12. век, една најславните градби во светот со бесценети уметнички дела што дневно ја посетуваат над 30.000 луѓе.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира