РУСИЈА СТОИ ЗАД ХАКЕРСКИОТ НАПАД ВРЗ САД

a:1:{s:9:"td_source";s:33:"САД,(Њујорктајмс)

    РУСИЈА СТОИ ЗАД ХАКЕРСКИОТ НАПАД ВРЗ САД

    Американските разузнавачки агенции ја известија Белата куќа дека со „голема сигурност“ знаат оти владата на Русија стои зад кражбата на е-пошта и документи од Демократскиот национален комитет (ДНЦ), тврдат федералните власти кои биле брифирани за доказите. Но, разузнавачките власти предупредија дека не се сигурни дали електронскиот упад во компјутерскиот систем на Комитетот бил релативно рутинска сајбершпионажа – ист вид како онаа што САД редовно ја изведува низ светот – или упадот бил со намера да се манипулираат американските претседателски избори 2016.

    Е-поштата беше објавена на Викиликс, чиј основач Џулијан Асанж јасно кажа дека со тоа сакал да ги оштети шансите на Хилари Клинтон да стане претседателка на САД. Не е јасно како документите стасале до Викиликс. Но, уште пред да ги објави Викиликс, голем број од нив беа објавени од разни медиуми и од некој кој се вика „Гуцифер 2.0“, за кого американските истражители сега веруваат дека е агент на ГРУ, руската воена разузнавачка служба.

    Проценката на разузнавачките служби дека Русија е вклучена во хакирањето на ДНЦ, ги става претседатеот Обама и неговите советници за национална безбедност пред тешка дипломатска и политичка одлука: дали јавно да ја обвинат власта на претседателот Владимир Путин за организирање на хакирањето. Такво јавно обвинување уште повеќе би ги затегнало веќе заладените односи меѓу Вашингтон и Москва , во момент кога САД се обидува да постигне договор со Путин за мир  во Сирија и други прашања. Тоа ќе ги уништи и сите напори да се постигне некаков договор за прифатливо однесување во сајберпросторот, за што САД дискутираат со Кина.

    Претседателот Обама вчера се воздржа да ги обвини руските агенции за манипулирање на изборите, но рече „Сѐ е можно“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари