СИЛНО НЕВРЕМЕ СЕ ДВИЖИ НИЗ ЦЕЛА ИТАЛИЈА, МИЛАНО ГО ПОГОДИ ТОРНАДО, А РИМ Е ПОПЛАВЕН ОД ГРАД

    СИЛНО НЕВРЕМЕ СЕ ДВИЖИ НИЗ ЦЕЛА ИТАЛИЈА, МИЛАНО ГО ПОГОДИ ТОРНАДО, А РИМ Е ПОПЛАВЕН ОД ГРАДКрупните зрна град ги обелеа улиците во централниот историски дел на Рим - (Фото: АНСА)

    Речиси цела Италија е зафатена од силно невреме што се движи север кон југ и предизвика нагло паѓање на температурите на 8-10 степени, јави агенцијата АНСА.

    Засега нема пријави за жртви или повредени.

    Главниот град Рим синоќа беше погоден од силен град кој го покри асфалтот во многу области, вклучувајќи го и историскиот центар. Многу патници беа заробени во колите поради поплавените улици. Затворени се и неколку метро станици, а не сообраќаат и некои локални возови. Водата, на некои места длабока и половина метар поплавила и неколку историски знаменитости.

    На север, Милано беше погодено од торнадо што предизвика значителни штети од паднатите дрвја. Локалните власти веднаш одобриле помош од 6 милиони евра. Штети се пријавени и во Болоња и Римини, а невремето предизвика и големи пореметувања на редот на летање на сите италијански аеродроми.

    Во Неапол, поради очекуваното невреме училиштата во понделеник ќе бидат затворени. Градоначалниците во областа Кампања донесоа одлука понеделник да го прогласат за неработен ден за учениците и студентите.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира