ТАЛИБАНЦИТЕ ВЕТИЈА БЕЗБЕДНОСТ, АМНЕСТИЈА И ПОВТОРНО ОТВОРАЊЕ НА АЕРОДРОМОТ ВО КАБУЛ

    ТАЛИБАНЦИТЕ ВЕТИЈА БЕЗБЕДНОСТ, АМНЕСТИЈА И ПОВТОРНО ОТВОРАЊЕ НА АЕРОДРОМОТ ВО КАБУЛАеродромот во Кабул од денеска е под контрола на талибанските командоси (Фото: АП)

    Талибанските лидери ветија дека ќе је обезбедат земјата, брзо повторно ќе го отворат аеродромот во Кабул и дека ќе има општа амнестија на бившите противници откако последните американски војници синоќа го напуштија Авганистан по 20 години континуирано присуство. Талибанците триумфално влегоа во аеродромот и гордо позираа на пистата неколку часа откако последниот американски авион полета од Кабул.

    „Авганистан е конечно слободен. Воениот и цивилниот дел од аеродромот се под наша контрола. Се надеваме дека наскоро ќе го објавиме новиот владин кабинет. Секаде е мирно и безбедно“, изјави Хакметула Васик, висок претставник на талибанците.

    Тој ги повика луѓето да се вратат на работа и најави општа амнестија. Од вчера повторно се отворени и училиштата и на девојчињата ќе им биде дозволено да одат, но не во исти класови со машките.

    „Луѓето мора да бидат трпеливи. Постепено сè ќе се врати во нормала, но за тоа треба време“, рече Васик.

    Генералот Френк Мекензи изјави дека американските војници онеспособиле 73 авиони пред заминувањето од Кабул за да не можат да се користат, но дека не е уништена никаква опрема потребна за непречена работа на аеродромот.

    Тој ги предупреди талибанците дека ќе имаат полни раце работа со Исламска држава Корасан, за која вели дека има околу 2.000 тврдокорни борци во Авганистан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира