ТРАМП И ПУТИН ДОГОВОРИЈА ПРИМИРЈЕ ВО СИРИЈА

    ТРАМП И ПУТИН ДОГОВОРИЈА ПРИМИРЈЕ ВО СИРИЈАПрвата средба меѓу претседателите на САд и на Русија Доналд Трамп и Владимир Путин беше синоќа на маргините на глобалниот самит во Хамбург, Германија (Фото: АП)

    САД и Русија вчера постигнаа договор за прекин на огнот во југозападна Сирија, како круна на првиот состанок на претседателот Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин. Ова е прв американски и руски напор под претседателството на Трамп да ја запрат шестгодишната граѓанска војна во Сирија.

    Примирјето стапува во сила в неделата на пладне во Дамаск, според официјални претставници на САД и на јорданската влада, која исто така е вклучена во договорот (Фото: АП)

    Примирјето стапува во сила в неделата на пладне во Дамаск, според официјални претставници на САД и на јорданската влада, која исто така е вклучена во договорот.

    Државниот секретар Рекс Тилерсон, кој го придружуваше Трамп на состанокот со Путин, рече дека договорот е наменет за намалување на насилството во областа на Сирија близу границата со Јордан, што е од клучно значење за безбедноста на американскиот сојузник.

    Ова е „многу комплициран дел од сириското боиште”, изјави Тилерсон за новинарите по средбата на американскиот и рускиот лидер што траеше над 2 часа на маргините на глобалниот самит во Хамбург, Германија. За договорот, тој рече: „Мислам дека ова е нашиот прв показател дека САД и Русија можат да работат заедно во Сирија”.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира