ТРОЈЦА РУСИ И ЕДЕН УКРАИНЕЦ ОБВИНЕТИ ЗА СОБОРУВАЊЕТО НА МАЛЕЗИСКИОТ АВИОН НАД УКРАИНА ВО 2014

    ТРОЈЦА РУСИ И ЕДЕН УКРАИНЕЦ ОБВИНЕТИ ЗА СОБОРУВАЊЕТО НА МАЛЕЗИСКИОТ АВИОН НАД УКРАИНА ВО 2014Судскиот процес треба да почне во Холандија на 9 март 2020 (Фото: Гети)

    Четири лица ќе се соочат со обвиненија за убиство во врска со соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ над Украина во 2014 година, кога загинаа 298 луѓе.

    Холандските истражители утврдија дека во тоа се вмешани руските државјани Игор Гиркин, Сергеј Дубински и Олег Пулатов, како и Украинецот Леонид Харченко.

    Патничкиот авион МХ17 леташе на релацијата Амстердам-Куала Лумпур, кога беше погоден со ракета над источна Украина. Судскиот процес треба да почне во Холандија на 9 март 2020 и против четворицата осомничени е распишан меѓународен налог за апсење.

    Заедничкиот истражителски тим предводен од Холандија соопшти дека се верува дека овие четворица се одговорни за транспортот на проектилот „бук“, што бил употребен за соборување на авионот. Како што се вели, Гиркин, Дубински и Пулатов се руски разузнавачи кои биле испратени во Украина, додека Харченко бил командир на борбена единица во Доњецк.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира