ТУРСКАТА ВЛАДА ЈА ВРАТИ КОНТРОЛАТА, ТВРДИ ПРЕМИЕРОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:40:"Турција(разниизвори)

    ТУРСКАТА ВЛАДА ЈА ВРАТИ КОНТРОЛАТА, ТВРДИ ПРЕМИЕРОТ

    Турскиот премиер Бинали Јилдирим рече дека ситуацијата е во голема мерка под контрола. И висок турски функционер потврди дека пучот бил неуспешен и сите владини министри ја имаат контролата над своите министрества.

    Приврзеници на турската влада на чело со министерот за труд Сулејман Сојлу влегоа во државната телевизија ТРТ, објави Анадолија. По неколкучасовен прекин откако презентерот беше присилен да го прочита соопштението на пучистите, ТРТ пак почна да емитува програма. Над Анкара е прогласена зона забранета за летови, рече премиерот Јилдирим. Во судирите во Истанбул има двајца загинати.

    Премиерот Јилдирим рече дека обидот за државен удар против владата е бунт на следбениците на свештеикот од САД Фетула Ѓулен, но Алiјансата за споделени вредности, група блиска до Ѓулен негираше било каква врска со пучот  го осуди обидот за државен удар.

    Толпа се собира пред аеродромот во Анкара да го пречека и поздрави претседателот Ердоган, кој е на одмор во Мармарис.

    Парламентот во Анкара е погоден од бомби, а во Истанбул се слушна силна експлозија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира