УКРАДЕНИ СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈА НА ЖРТВИТЕ НА ХОЛОКАУСТОТ ОД ТРОТОАРИТЕ ВО БЕРЛИН

    УКРАДЕНИ СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈА НА ЖРТВИТЕ НА ХОЛОКАУСТОТ ОД ТРОТОАРИТЕ ВО БЕРЛИНИмете, датумот на раѓање и верата на лицето беа напишани на коцките, кои стојат над регуларното ниво на улицата. Повеќе од 60.000 вакви обележја може да се најдат низ цела Германија и Европа. (Фото:ДПА)

    Полицијата во Берлин ја истражува кражбата на неколку мали спомен обележја вградени на тротоарите, со кои што се оддава почит на жртвите на Холокаустот.

    Жителите на централна берлинска област ја алармирале полицијата за кражбата денес, а погодени се неколку улици.

    Златно обоените спомен обележја со големина на коцка од калдрма, беа поставени на тротоарот пред последната позната резиденција на жртвите на нацизмот.

    Името, датумот на раѓање и верата на лицето беа напишани на коцките, кои што стојат над регуларното ниво на улицата. Повеќе од 60.000 вакви обележја може да се најдат низ цела Германија и Европа.

    Нацистичка Германија уби шест милиони Евреи за време на Холокаустот, заедно со хомосексуалците, ромите, инвалидите, политичките опоненти и други.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира