ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ КОВИД-19 СОЗДАДОА ГЛОБАЛЕН ПАЗАР ОД ДЕСЕТИЦИ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА НЕКОЛКУ ФАРМАЦЕВТСКИ КОМПАНИИ

    ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ КОВИД-19 СОЗДАДОА ГЛОБАЛЕН ПАЗАР ОД ДЕСЕТИЦИ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА НЕКОЛКУ ФАРМАЦЕВТСКИ КОМПАНИИ„Фајзер“ разви вакцина со германската компанија „Бионтек“ и се очекува оваа година да остварат продажби во вредност од 15 милијарди долари (Фото: АП)

    Доаѓањето на вакцините против ковид-19 вети враќање во нормален живот, но и создаде глобален пазар вреден десетици милијарди долари годишно за неколку фармацевтски компании. Меѓу најголемите победници се „Фајзер“ и „Модерна“, кои наплатуваат по 30 долари за две дози од нивните вакцини. И додека „Модерна“ е основана пред само 11 години и никогаш не остварила профит, „Фајзер“ постои од 1849 година и лани имала заработка од 9,6 милијарди долари, при што вработува речиси 80.000 луѓе.

    Без разлика дали вакцините против ковид-19 ќе станат еднократни или сезонски, тие носат голема финансиска добивка.

    ФАЈЗЕР/БИОНТЕК“

    Двете компании еднакво ги делат трошоците и профитот за вакцината и се очекува оваа година да остварат продажби во вредност од 15 милијарди долари. Бројката би можела да биде и двојно поголема, ако „Фајзер“ успее да испорача две милијарди дози до крајот на 2021. За следната година се проектирани продажби од 21,5 милијарди долари.

    Вредноста на акциите на „Фајзер“ во изминатите 12 месеци порасна за 1,8%, а на „Бионтек“ за 156%.

    МОДЕРНА“

    Оваа американска фирма очекува продажби од 18,4 милијарди долари оваа година. Групата инвеститори кои го поддржаа основањето на компанијата во 2010 година сега очекуваат значителен ќар, откако цената на акциите порасна за 372%.

    ЏОНСОН И ЏОНСОН“

    Компанијата планира да испорача една милијарда дози до крајот на годината, за што ќе инкасира 10 милијарди долари. Вредноста на нејзините акции се искачи за 7,7%.

    АСТРАЗЕНЕКА“

    Аналитичарите предвидуваат продажби од 1,9 милијарди долари оваа, а три милијарди долари следната година. Добивката за 2021 би можела да биде и поголема, ако се остварат амбициозните планови за испорака на три милијарди дози. Компанијата ја наплатува вакцината по цена од 4,3 до 10 долари за две дози, со цел да не остварува профит додека трае пандемијата. Вредноста на акциите падна за 8,6% во изминатите 12 месеци.

    СИНОВАК“

    Од компанијата велат дека можат да произведат над милијарда дози до крајот на 2021. Вакцината чинела 60 долари за две дози во некои кинески градови, додека една индонезиска компанија кажа дека ги купила за 27,2 долара за две дози. Вредноста на акциите паднала за 21,6% во изминатите 12 месеци.

    ИНСТИТУТОТ „ГАМАЛЕЈА“

    Рускиот Фонд за директни инвестиции, кој стои зад развојот на вакцината „спутник“, постигнал договор со 15 компании во десет земји за производство на 1,4 милијарди дози. Таа е бесплатна во Русија, додека на други земји им се наплатуваат 20 долари или помалку за две дози.

    НОВАВАКС“

    Оваа американска компанија развива вакцини веќе 30 години, но ниедна досега не била одобрена. И покрај тоа, таа постигнала договори со Велика Британија, Канада, ЕУ и Австралија за испорака на 300 милиони дози од вакцината против ковид-19. Во Африка, една доза ќе се продава за три долари. Врз основа на овие договори, компанијата објави дека очекува заработка од неколку милијарди долари во следните 12 месеци, додека вредноста на акциите порасна за 1.128%.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира