Армиска група изјави на ТВ дека ја презела контролата врз Турција. при што се затворени мостови во Истанбул, а авион лета ниско во Анкара и се слушаат пукотници. Војската ја презеде турската државна телевизија ТРТ и стопирана е програмата.
„Власта во земјата е целосно превземена“, се вели во изјавата прочитана на НТВ, но не се знае кој ја води и кого претставува групата.
Како што јавува дописникот на САКАМДАКАЖАМ.МК од Истанбул, војската и полицијата пукаат едни врз други, а војската ги празни улиците. Плоштадот Таксим е испразнет од војската, која ги држи и аеродромите во Истанбул и Анкара.
Според турски „Си-Ен-Ен“, претсдателот Реџеп Тајип Ердоган е на безбедн место но не даде детали.
Турскиот премиер ја осуди „илегалната акција“ на воена група. Премиерот Бинали Јилдирим рече дека воената акција не е изведена со дозвола и не е пуч. Рече дека владата останува на сила.
„Станува збор за обид за удар, нема да го дозволиме, оние што го вклучено во овој илегален чин ќе платат највисока цена“, рече тој и додаде дека не е точно овој потег да се опише како пуч.