ЗАГИНАА 17 ПОЛИЦАЈЦИ ВО НАПАДОТ НА ПУЧИСТИТЕ ВО АНКАРА

a:1:{s:9:"td_source";s:40:"Турција(разниизвори)

    ЗАГИНАА 17 ПОЛИЦАЈЦИ ВО НАПАДОТ НА ПУЧИСТИТЕ ВО АНКАРА

    Седумнаесет полицајци се убиени во хеликоптерскиот напад на седиштето на полициските специјалци во Анкара, јави агенцијата Анадолија. Турски борбен авион го урна хеликоптерот што го користеа пучистите во Анкара.

    Според фотограф на АФП, војската пукала врз толпата во Истанбул и има жртви.

    Турскиот премиер Бинали Јилдирим го нарече пучот терористички чин и го повтори повикот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган нивните приврзеници да излезат на улица. Тој рече дека е време да и се одговори како треба на оваа „граблива и неморална структура“, а пучистите ги нарече предавници.

    Заменикот премиер Нуман Куртулмус изјави дека владејачката Партија на правдата се уште има контрола над владата. Тој зборуваше во живо на ТВ.

    Висок владин функционер за Ројтерс изјави дека воената фракција се обидува да ја заземе власта. Фракцијата има конрола над извесен број тенкови и им наредила на трупите да ги заземат улиците, но не можеле тоа да го сторат во многу области. Според него, неизвесноста ќе трае уште 24 часа.

    Командантот на турските специјални сили рече дека „групата изврши предавство, нема да успеат“.

    На улиците во Истанбул има тенкови, како и пред Парламентот во Анкара. Во Истанбул се чуја повици за молитва во џамиите со часови порано од вообиченото. Имамот на Анталија го повика народот да излезе на улица за демократија.

    Приврзениците на претседателот Реџеп Тајип Ердоган излегоа на плоштадот Таксим во центарот на Истанбул веднаш по вестите за пучот. Има извештаи за судири, а на Твитер пишуваат дека се слушаат пукотници во близина на плоштадот. Демонстранти се собираат и пред Парламентот во Анкара.

    Претседателот на САД Барак Обама повика за поддршка за „демократски избраната“ турска влада, а американските власти рекоа дека пучот нема никакви влијание врз бробтата против Исламска држава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари