ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ДА РАЗГЛЕДА ДЕЛОВИ ОД КИНЕСКИОТ МИРОВЕН ПЛАН

    ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ДА РАЗГЛЕДА ДЕЛОВИ ОД КИНЕСКИОТ МИРОВЕН ПЛАННа првата годишнина од руската инвазија на Украина, сојузникот на Москва, Кина, ги повика двете страни да се согласат на постепена деескалација. (Фото: АП)

    Кина денеска повика на целосен прекин на огнот во Украина, а претседателот Володимир Зеленски рече дека е отворен за разгледување на делови од мировниот план од 12 точки што го предложи Пекинг. На првата годишнина од руската инвазија на Украина, сојузникот на Москва, Кина, ги повика двете страни да се согласат на постепена деескалација, предупреди на употреба на нуклеарно оружје и рече дека конфликтот никому не му користи.

    На прес-конференцијата по повод првата годишнина од војната,  aпелирајќи до земјите, вклучително и Кина и Индија, Зеленски рече дека сите земји, дури и оние кои беа помалку искрени за нивната поддршка за Украина, треба да бидат вклучени во мировниот процес.

    Планот, наведен во документ од Министерството за надворешни работи, во голема мера беше повторување на ставовите на Кина откако Русија ја започна, како што ја нарекува, својата „специјална воена операција“ лани на 24 февруари минатата година.

    Кина се воздржува да го осуди својот сојузник Русија или да ја нарече „инвазија“ интервенцијата на Москва во Украина. Исто така, ги критикуваше западните санкции кон Русија.

    „Сите страни мора да останат рационални и да покажат воздржаност, да избегнуваат разгорување на пламенот и влошување на тензиите и да спречат дополнително влошување на кризата или дури и излегување од контрола“, се вели во предлогот на кинеското министерство.

    Првичната реакција од Киев беше отфрлање на планот, при што висок советник на претседателот Зеленски рече дека секој план за завршување на војната мора да вклучува повлекување на руските трупи на границите кога се распадна Советскиот Сојуз во 1991.

    Сепак, самиот Зеленски даде поприемчив тон на прес-конференцијата по повод првата годишнина од војната.

    Русија рече дека го цени планот на Кина и дека е отворена за постигнување на нејзините цели преку политички и дипломатски средства.

    Сепак, предлозите на Кина не го скршија мразот со НАТО.

    „Кина нема многу кредибилитет, бидејќи не можеше да ја осуди илегалната инвазија на Украина“, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за новинарите во Талин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира