ЗЕЛЕНСКИ ГО ПОВИКА ПУТИН НА СРЕДБА ЗА МИРНО РЕШЕНИЕ НА КРИЗАТА ВО УКРАИНА

    ЗЕЛЕНСКИ ГО ПОВИКА ПУТИН НА СРЕДБА ЗА МИРНО РЕШЕНИЕ НА КРИЗАТА ВО УКРАИНАУкраински војник го испитува кратерот од бомба во Луганск. (Фото: АП)

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски, соочен со остар пораст на насилството на и околу територијата што ја држат бунтовниците поддржани од Русија и сè пострашните предупредувања дека Русија планира да изврши инвазија, денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин да се сретне со него и да побара решение за кризата.

    „Не знам што сака претседателот на Руската Федерација, затоа предлагам средба“, рече Зеленски на Минхенската безбедносна конференција, каде што се сретна и со потпретседателката на САД Камала Харис.

    Зеленски рече дека Русија може да ја избере локацијата за разговорите.

    „Украина ќе продолжи да го следи само дипломатскиот пат заради мирно решение“, рече тој.

    Нема одговор од Кремљ.

    Зеленски зборуваше неколку часа откако денеска сепаратистичките лидери во источна Украина наредија целосна воена мобилизација, додека западните лидери упатуваа сè пострашни предупредувања дека руската инвазија се чини неизбежна.

    Поради новите стравувања дека војната може да започне за неколку дена, Германија и Австрија им порачаа на своите граѓани да ја напуштат Украина. Германскиот авиопревозник Луфтханза ги откажа летовите до главниот град Киев и до Одеса, пристаништето на Црното Море кое може да биде клучна цел во инвазијата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира