ГРАЃАНИТЕ КОИ СЕ ВАКЦИНИРАА ВО ДРУГИ ЗЕМЈИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИГИТАЛНА КОВИД ПРОПУСНИЦА ВО ЗЕМЈАВА, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    ГРАЃАНИТЕ КОИ СЕ ВАКЦИНИРАА ВО ДРУГИ ЗЕМЈИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИГИТАЛНА КОВИД ПРОПУСНИЦА ВО ЗЕМЈАВА, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕЗа македонските граѓани кои кон крајот на март се вакцинираа против ковид-19 во Србија во организација на Стопанската комора на Северна Македонија обезбедена е ревакцинација на 19 и 20 јуни во Ниш. (Фото: СДК.МК)

    Граѓаните кои се вакцинираа против ковид-19 во други земји, ќе добијат дигитален сертификат во земјава, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче. Дигиталната ковид пропусница ќе може да се симнува како апликација на мобилен телефон од почетокот на следната недела. Ковид сертификатот во земјава го издава матичниот лекар.

    „Значи, без разлика каде се издадени потврдите за вакцинација, а имаат такви кодови, ќе бидат составен дел од нашата апликација. Сѐ што треба граѓаните да направат е да се скенира кју-ар (QR) кодот од сертификатот на вакцинација кој го добиле од кое било место. Тој кју-ар код ќе биде генериран и ќе биде видлив во апликацијата. Во апликцијата ќе бидата видливи и сите други кју-ар кодови за ПЦР тестирања од следната недела понатаму. За време на викендот и почетокот на следната недела ќе се споделат технички податоци преку системот ‘Мој термин’ што треба акредитирните лаборатотии да издадат како свој документ, за да на таа апликација може да има код кој ќе ги содржи податоците за вакцина или за секој следен ПЦР тест кој ќе биде направен, а ќе се генерира со тоа што ќе се внесе кодот во апликацијата“, кажа Филипче, а на новинарско прашање дали граѓаните треба да се обратат за тоа кај матичните лекари, тој кажа дека треба да се најават и да се испрати е-пошта со тие податоци.

    Филипче вчера појасни дека дигиталната пропусница е електронски пас преку кју-ар (QR) код и апликација која ќе може да се симне на секој мобилен телефон. Ќе содржи простор за три податоци: на кју-ар кодот ќе има податоци за вакцина и ревакцина и типот на вакцината, вториот податок ќе биде ПЦР тестирањето кое секогаш ќе може да се надгради со секое следно тестирање во случај некоја од земјите да бара ПЦР тест. И третиот податок е за соодветна количини на детектирани антитела како доказ за прележана болест ако некоја од земјите го бара за влез како параметар.

    Во однос на тоа што треба македонски граѓанин да поседува доколку сака да ја напушти земјава, Филипче рече дека засега нема читачи на граничните премини, но доколку било која од европските земји го побара тоа,  нашите граѓани ќе бидат спремни.

    „Да повторам, од хартиена форма, граѓаните ќе имаа ковид сертификат со кју-ар код и од следната недела потврд за ПЦР тест. Ако се скенира кодот од двата документа, тој ќе биде достапен на апликацијата. Граѓаните ќе бидат спремни и со хартиена и со дигитална форма“, додаде министерот.

    Македонските здравствени власти немаат точен податок колку македонски државјани се вакцинирани во Србија. Се претпоставува дека станува збор за околу 15.000 луѓе кои главно ја имаат примено првата доза на „АстраЗенека“. Со оглед на тоа дека во Македонија оваа вакцина не се дава на лица помлади од 60 години, повеќето ќе мора на ревакцинација да заминат повторно во Србија, каде што и им е закажан датум уште при првата имунизација кон крајот на март.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира