Сто и пет лица починале од ковид-19 од 8 до 14 октомври, од кои 26 биле вакцинирани и сите освен еден биле со хронични заболувања. Од 26-те лица, најмладиот починат е 48-годишно лице со кардиолошко и белодробно заболување и дијабетес. Од вакцинираните починати, едно лице, немало хронично заболување и имало 80 години, соопшти Министерство за здравство.
Двајца од починатите пациенти биле вакцинирани со вакцината на „Фајзер“, тројца со „АстраЗенека“, четири починати пациенти со ковид-19 примиле вакцина „Синовак“, а 17 пациенти примиле вакцина од „Синофарм“.
За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.
Во извештајот на Министерството, по датуми се наведени починатите лица од ковид-19 и заболувањата на вакцинираните лица
8 октомври
Пријавени за починати 16 пациенти со ковид-19, 5 од починатите биле вакцинирани:
- 84 год. кардиолошко заболување
- 62 год. кардиолошко заболување
- 78 год. кардиолошко заболување
- 63 год. кардиолошко заболување и дијабет
- 73 год. кардиолошко заболување и дијабет
9 октомври
Пријавени за починати се 18 пациенти, само 1 од пациентите бил вакциниран. Пациентот имал 80 години и имал две хронични заболувања дијабет и кардиолошко заболување.
10 октомври
14 пациенти пријавени за починати, од нив 3 вакцинирани.
- 64 год. кардиолошко и малигно заболување
- 59 год. со кардиолошко заболување
- 68 год. кардиолошко заболување и дијабет
11 октомври
18 пациенти пријавени за починати од нив 6 вакцинирани:
- 72 год. кардиолошка и белодробна болест
- 69 год кардиолошка болест
- 81 год кардиолошка болест и дијабет
- 76 год кардиолошка болест
- 64 год белодробно заболување
- 56 год кардиолошко заболување
12 октомври
6 пријавени за починати, само 1 вакциниран пациент на 80 години – нема хронично заболување;
13 октомври
- 20 пријавени за починати, 8 вакцинирани:
- 61 год. кардиолошко заболување и хипотироидизам
- 80 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет
- 77 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет
- 48 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет
- 72 год. кардиолошко заболување, дијабет и бубрежно заболување
- 77 год. кардиолошко и белодробно заболување
- 78 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет
- 71 год. кардиолошко заболување
14 октомври
13 пријавени за починати, 4 вакцинирани:
- 75 год. крдиолошко заболување
- 74 год. кардиолошко заболување и дијабет
- 64 год. кардиолошко заболување и дијабет
- 77 год. невромускуларно заболување
Б. НЕСТОРОСКА