РОДИТЕЛИТЕ ДА ГО ПРИФАТАТ СКРИНИНГОТ НА ДЕЦАТА, ЌЕ ОТКРИЕМЕ АСИМПТОМАТСКИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, АПЕЛИРА ФИЛИПЧЕ

    РОДИТЕЛИТЕ ДА ГО ПРИФАТАТ СКРИНИНГОТ НА ДЕЦАТА, ЌЕ ОТКРИЕМЕ АСИМПТОМАТСКИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, АПЕЛИРА ФИЛИПЧЕЗдравствените власти веќе ја имаат методологијата за процесот, во кои одделенија, класови и школи ќе се спроведува. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од утре, во соработка со Министерството за образование и наука (МОН) ќе се бараат писмени согласности од родителите за скринингот за ковид-19 на 8.200 деца во училиштата, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тоа би се завршило до крајот на неделава и почетокот на следната, за веднаш да започне во текот на наредната недела.

    Министерот кажа дека веќе е подготвена методологијата во соработка со МОН, се знае бројката, во кои одделенија, класови и основни и средни школи ќе се спроведува.

    „Апелирам до родителите да го прифатат скринингот. Не е ништо страшно, се зема обичен брис од носот, како и во други случаи на испитувања. Сега е мирна епидемиолошката состојба, немаме многу деца хоспитализирани во болницата во Козле, 10-15, и во ниту една друга институција. Важно ни е да знаеме дали евентуално би се откриле асимптоматски случаи“, рече Филипче на настан за подигање на свесноста за значењето на донирање органи и ткива, како и коскена срцевина во лекувањето и спасувањето човечки животи.

    За најавената мерка дека во сите затворени места ќе се бара сертфикат за две примени дози вакцина против ковид-19, Филипче рече дека тоа ќе се разговара на следниот состанок на Генералниот кризен штаб, и би оставиле простор да почне за важи за една до две недели од сега.

    Досега, со барем една доза се вакцинирани 790 илјади граѓани, од кои 750 илјади се ревакцинирани, а 1.000 се вакцинирани со трета доза. Активни болни од ковид-19 се 6.658.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира