ТЕРМИН ЗА ВАКЦИНА ЗА ЛИЦАТА НАД 77 ГОДИНИ ЗАКАЖУВААТ МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ

    ТЕРМИН ЗА ВАКЦИНА ЗА ЛИЦАТА НАД 77 ГОДИНИ ЗАКАЖУВААТ МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИВо земјава досега вкупно се вакцинирани 12.052 граѓани. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Матичните лекари закажуваат вакцинирање против ковид-19 преку Мој термин, вели Жаклина Чагоровска од Националниот електронски систем Мој термин. Чагоровска на 6 февруари заедно со министерот за здравство Венко Филипче, д-р Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација, го претставија Националниот систем за имунизација против ковид-19.

    Во дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК деновиве стигнаа повеќе реакции од граѓани дека иако се пријавиле електронски, не добиле покани од матичните лекари за термин за вакцина. Дел од нив велат дека иако биле пројавени ги немало во системот, па потоа матичните лекари одново ги пријавувале и закажувале термин.  Искуството во пракса вели дека е најсигурно иако се електронски пријавени, возрасните граѓани директно да ги контактираат матичните лекари за закажување на терминот за вакцинација.

    Во земјава во тек е вакцинација на лица над 77 години со вакцината на „АстраЗенека“ во здравствените домови, а во „А1 арената Борис Трајковски“ од вчера тече имунизацијата со „спутник“ за критичната државна инфраструктура. Досега вкупно се вакцинирани 12.052 граѓани.

    Ова е редоследот на процесот на закажување:

    • Откако системот на „Мој термин“ ќе одреди кои граѓани први ќе примат вакцина, потоа секој матичен лекар ќе добие листа на граѓани кои треба да ги извести дека системот ги избрал како приоритетни за вакцината, а потоа самиот граѓанин одлучува дали ќе прими вакцина. Доколку прифати, се закажува термин и локација за вакцината, а ако одбие, сите податоци се враќаат во системот.
    • Кога лицето за првпат ќе ја прими вакцината, веднаш ќе добие термин и за втората доза од вакцината, по 21 ден од приемот на првата доза.
    • По примањето на вакцината секој добива сертификат дека се вакцинирал.
    • Секој ќе може да се пријави електронски, по што ќе добие повратен одговор на оставената е-пошта дека пријавата е стигната. Таа пријава автоматски кај матичните лекари и ќе има евиденција дека се пријавил, за да нема двојно појавување на лицето во системот. Потоа треба да очекуваат, во зависнот од тоа која група се, да бидат повикани од матичните лекари.
    • Лицата кои се вакцинираат против ковид-19 во земјава со себе мора да носат упат од матичен лекар и пополнет документ за согласност, кој е достапен на сајтот ковид19вакцинација.мк.
    •  Документот се пополнува лично, или од страна на законски старател или овластен носител на одлуки за лицето кое ја прима вакцината. Пополнетата согласност се приложува на вакциналниот пункт. Согласноста може да биде пополнета претходно, но истата се наоѓа и на пунктовите за вакцинација каде може директно да се пополни и да се приложи.
    • Матичниот лекар на секој граѓанин кога му закажува тремин за вакцинација е должен да му каже во колку часот треба да се вакцинира и на кој пункт во здравствената установа каде се спроведува вакцинација против ковид-19.

    „Aпелот е всушнот, на оваа прва група граѓани над 70 години, пријавувањето вреку веб-страната и анкетирањето од страна на матичните лекари да го направиме тоа до крајот на овој месец. Да се завршат анкетите на овие граѓани со цел да може да се испланираат термините, односно да добиеме што поточна информација за да може да се планира и другиот дел од системот. Зборуваме за интегриран ситстем каде целосно ќе се следи евиденцијата на вакцинацијата, количните кои ќе се трошат, пријаувањето на пациентите“, кажа Чагоровска во февруари.

    Понатаму, таа појасни дека сѐшто ќе стигне како електронска пријава, нема да се појави како опција кај матичниот лекар, односно негова обврска да го контактира.

    „Но, прво ќе почнеме со матичните лекари бидејќи првата категорија е онаа група граѓани кои се повозрасни кои не можат лично, или може да искористат со помош на своите деца или роднини да ги пријават. Но, сепак останува тоа и целта е да се побараат лично, за да не ги испуштиме“, додаде Чагоровска.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира