ВО АВГУСТ СЕ ЗАТВОРА ПУНКТОТ ВО САЛАТА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“, ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА ВО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ДОМОВИ И НА ТЕРЕН, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    ВО АВГУСТ СЕ ЗАТВОРА ПУНКТОТ ВО САЛАТА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“, ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА ВО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ДОМОВИ И НА ТЕРЕН, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕВакциналниот пункт во „А1 Арената Борис Трајковски“ беше отворен на 5 април. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во август ќе се затвори вакциналниот пункт  за масовна имунизација против ковид-19 во спортската сала „А1 Арена Борис Трајковски“ во Скопје. Вакцинацијата во целата земја ќе се одвива во здравствените домови, а само во Струмица и Тетово ќе продолжат да работат спортските сали како пунктови за масовна вакцинација, кажа денеска министерот Венко Филипче, додавајќи дека ќе продолжи и теренската вакцинација во градовите и селата по принципот на систем на ротација.

    „Добро се одвива процесот на вакцинација, одлучивме дека нема потреба да бидат во функција веќе толкави места, вработените полека се враќаат на работните места во здравствените домови. Чекавме да помине тој масовен прилив за ревакцина кај граѓаните. Продолжува вакцинацијата без закажан термин“, рече Филипче при посета на Клиниката за ортопедија.

    Филипче рече дека во земјава досега се ревакцинирани 330 илјади граѓани, дека очекува од крајот на август таа бројка да стигне до 500 илјади граѓани, како и дека од 1.800 деца пријавени деца под 18 години, досега се вакцинирани 630. Од 330 илјади граѓани вакцинирани со две дози, со ковид-19 се заразиле 92 пациента.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира