НАД 40 БИТОЛЧАНИ ВИКНАТИ НА РАСПИТ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НАД 40 БИТОЛЧАНИ ВИКНАТИ НА РАСПИТ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА

    За вечерва во 19 часот се закажани нови протести на Шарената револуција во Битола иако само денес на распит во полициска станица биле повикани 40 граѓани. Овој податок во полиција го слушнале дел од битолчаните кои биле повикани на информативен разговор.

    Од СВР Битола официјално  не откриваат колкав е бројот на сослушани учесници во Шарената револуција. Од таму велат дека бројката не е многу голема и дека постапуваат по барање на јавното обвинителство.

    „Сите работни задачи се изведуваат во границите на работното време, односно не се воведени дополнителни смени заради информативните разговори“, велат од СВР Битола.

    Битолчаните кои седнаа на сослушувачкото столче раскажуваат дека биле испрашувани за шарењето на општинската зграда, судот, споменикот Филип Втори и киното Манаки. Веројатно подоцна ќе следуваат и сослушувањата за герила акциите и за фрлањето лепешки пред општинста зграда.

    Заврши и распитот на Иван Чулаковски, активист во „Битолското движење“ , кој учествуваше во герилата со фрлањето на пари „владимирки“ врз градоначалникот Талески.

    „На распитот се појави со адвокат, па испрашувањето на треше  долго. Го прашуваа дали фрлал боја врз општината, киното, судот, но не и за парите“велат од „Битолското движење“.

    Меѓу сослушаните денес се и поранешните водачи на земјоделците Душко Илиевски, кој на јавноста и е познат како водач на фармерите кои во 2010 година протестираа против  „Сведмилк“ и Кире Неделковски, водачот на тутунарските протести од 2011 година.

    Душко вели дека ова за него е веќе видено зашто пред шест години по протестите на фармерите, полицијата го привела него, брат му и татко му и ги осомничила за одгледување на марихуана во нивата со компири.

    „Како сите протести да почуваат од мене.  А некој протестира, мене не викаат на разговор.  Ме прашуваа зошто сум фрлал со боја врз општината. Им реков дека не фрлав. Ми одговорија дека ме имале снимено. Потоа прашуваа кој уште фрлал. Им одговорив, кога имате снимка зошто ме прашувате?“, рече Илиевски.

    Ново изненадување за него беше кога виде дека му ја нема колата по излегувањето од полициската станица. Ја кренал пајакот.

    Поранешниот водач на тутунарите Кире Неделковски, изјави дека во полиција го прашувале кој ги организира протестите и му се заканувале дека ако продолжат да протестираат ќе ги притворат сите.

    „Ме испитуваше жена инспектор. Ме праша „зошто протестирате, сакате да го збогатите Заев?“ Ми рече фрлате врз општината, уништувате споменици. Одговорив дека општината не е споменик. На крај ми рекоа ако продолжите да протестирате на ваков начин, ќе ве притвориме“, вели Неделковски.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари