Тагови Постови тагирани со "Влада"

таг: Влада

РОМАНЦИТЕ МАРШИРАА ПРОТИВ ДЕКРЕТИТЕ ЗА ПОМИЛУВАЊА ЗА КОРУПЦИЈА

Илјадници Романци протестираа во Букурешт и во Клуж против владиниот план да помилува затвореници и да декриминализира некои дела со итни декрети, што може да ја ослаби борбата против корупцијата. Во Букурешт, околу 3.000 луѓе носеа транспаренти на кои пишуваше „Ве гледаме“ и „Во демократија, крадците остануваат в затвор“ и маршираа кон владината зграда. Вчера, претседателот Клаус Јоханис учествуваше на владина...

ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВТОРПАТ ПОБАРАА ОД МАКЕДОНИЈА ИТНО СМЕСТУВАЊЕ НА БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ ПОД КАЛЕ ОСТАВЕНИ БЕЗ ДОМ

Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација кон жената (CEDAW) при Обединетите Нации повторно побара од Владата на Република Македонија итно да обезбеди соодветно домување, храна, чиста вода и непосреден пристап до здравствени услуги, вклучително и услуги поврзани со репродуктивното здравје на четири жени Ромки оставени бездомни од македонските власти. Три од жените се бремени, а четвртата има...

СОБРАНИЕТО НЕМА ПРЕТСЕДАТЕЛ, ИВАНОВ НЕ СМЕЕ НИ ДА ПАТУВА НИ ДА СЕ РАЗБОЛИ

Македонија 13-ти ден нема функционално Собрание, бидејќи нема претседател кој според Уставот е единствениот кој може да свика седница. Поради тоа, ако претседателот на Македонија Ѓорге Иванов отпатува некаде или му се случи да биде спречен да ја врши функцијата, него нема кој да го замени, бидејќи новите пратеници не се состанаа по вторпат и не избраа претседател на...

СЈО ОЧЕКУВА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА МАНДАТОТ

Специјалното јавно обвинителство не сака да ги коментира политичките изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за формирање на новата влада Никола Груевски, кој во интервју за „Дневник“ категорично вели дека неговата партија нема да поддржи продолжување на мандатот на СЈО, објави „Мета“. „Повеќепати имаме истакнато дека не коментираме политички изјави. Нашите очекувања се следни: продолжување на мандатот и изгласување на Законот за...

ДУИ ДЕМАНТИРА ДЕКА В ПЕТОК ЌЕ ЈА ОБЈАВИ КОАЛИЦИЈАТА СО ВМРО-ДПМНЕ

ДУИ ја демантира веста дека в петок ќе ја објави коалицијата ВМРО-ДПМНЕ. Веста попладнево како ексклузивна ја објави порталот на весникот на албански јазик Лајм.мк, повикувајќи се на неименувани партиски извори од ДУИ. Сепак, во ДУИ за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека не е вистина оти в петок ќе ја објават коалицијата. Во ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Никола Груевски вчера од претседателот Ѓорге...

ЗА КОНСТРУКТИВНИ ПРЕГОВОРИ МОРА ДА ИМА СТАБИЛНИ ВЛАДИ ВО МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА, ВЕЛИ НИМИЦ

  Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, за спорот за името во Њујорк разговарал со посредникот Метју Нимиц, но и со новиот генерален секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, пренесува грчко-американскиот неделник „Грик њуз“. Главните разговори за македонско-грчките односи и преговорите за името, сепак биле со посредникот Нимиц. Според Нимиц, најважно во моментов е да има нова стабилна и функционална влада...

ДОДЕКА НЕМА ВЛАДА ЌЕ НЕМА НИ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА СВЕДОЦИТЕ НА СЈО, НИ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА МАНДАТОТ 

Измената на Законот за заштита на сведоците, за да се воведе дискреционо право Специјалното обвинителство да си ги штити сведоците во истрагите што ги води, е блокирано до формирањето нова Влада. Уште попроблематична е ситуацијата со продолжувањето на мандатот за СЈО и за евентуалното формирање специјално судско одделение во Основниот суд Скопје 1 за предметите што ги води ова...

ДУИ, БЕСА И АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ ЈА ОБЈАВИЈА ПЛАТФОРМАТА ЗА ВЛАДА, НА ПОТЕГ СЕ ГРУЕВСКИ И ЗАЕВ

ДУИ, Алијанса за Албанците и БЕСА ја објавија заедничката политичка агенда  за остварување на правата на Албанците во Македонија, со која ќе настапат во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ за формирање нова влада. Во Платформата се наведени скоро 30 точки  со рокови за нивно импементирање: Постигнување на целосна еднаквост во согласност со Охридскиот договор и Уставот. Строга примена...

ВЛАДИНИОТ ПРОТОКОЛ НЕ ЈА ПОКАНИ ЈАНЕВА НА ПРВАТА СОБРАНИСКА СЕДНИЦА

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева беше единствениот носител од редот на највисоките државни функции која не беше присутна на вчерашната свечена седница за конституирање на новото Собрание. Јанева и СЈО лани ги изгласа токму Парлементот, по договор на лидерите на четирите најголеми партии. Од СЈО добивме потврда дека Јанева воопшто не добила покана од претседавачот со седницата Трајко Вељаноски. Да...

ЕМИЛ ДИМИТРИЕВ ЕМ ПРАТЕНИК, ЕМ ПРЕМИЕР

Премиерот Емил Димитриев од вчера е и пратеник, нарушувајќи го начелото на поделба на власта на законодавна и извршна, ситуација која може да потрае со оглед на тоа што формирањето на нова влада може да оддолжи. На конститутивната седница на Собранието, од членовите на владата избрани за пратеници единствено Димитриев седеше во првиот ред, заедно со другите почесни гости. Собранискиот...