ЌЕ ИМА ДО 40 ОТСТО ПОВЕЌЕ КОРИСНИЦИ НА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ КОГА ЌЕ ВОЗИ ТРАМВАЈОТ БЕЗ ШИНИ, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ

    ЌЕ ИМА ДО 40 ОТСТО ПОВЕЌЕ КОРИСНИЦИ НА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ КОГА ЌЕ ВОЗИ ТРАМВАЈОТ БЕЗ ШИНИ, ВЕЛИ ШИЛЕГОВШилегов смета дека поскапувањетна паркингот треба да следи откако на граѓаните ќе им се понуди соодветна алтернатива на автомобилскиот сообраќај. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Град Скопје ќе го поскапи паркирањето на нивните паркиралишта кога ќе биде воведен новиот јавен провоз, односно трамвајот. Дотогаш, ценатата за паркирање на паркинзите со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ ќе остане иста.

    Општина Центар и ЈП „Паркинзи Општина Центар“ (ПОЦ) од 8 јануари го поскапеа паркирањето за 20 денари, за да се дестимулира возењето коли. Со тоа, сега не неколку метри одалеченост во Дебар Маало паркирањето на ПОЦ е 70 денари, а на градските зонски паркинзи 25 денари.

    Скопскиот градоначалник Петре Шилегов вели дека со Општина Центар не можат да најдат заедничко решение во градот да има едно претпријатие кое ќе го регулира паркирањето, па затоа се случуваат вакви одлуки. Шилегов смета дека поскапување на паркингот треба да следи откако на граѓаните ќе им се понуди соодветна алтернатива на автомобилскиот сообраќај.

    „За жал, во овој град досега не се развивал концепт на современ јавен транспорт. Ние сме при крај со концептот на воведување ‚бас рапид транзит‘ или трамвај без шини низ Скопје. Доколку пред распуштање на Собранието биде изгласан Законот за задолжување, Град Скопје до крајот на оваа година ќе започне со имплементација на новиот систем на јавен транспорт.  Тогаш ќе можеме да зборуваме за т.н. дестимулирање на автомобилскиот сообраќај“, вели Шилегов.

    Според него, со воведувањето на новиот превоз значително ќе се зголеми бројот на граѓани кои ќе се откажат од своите автомобили за да стасаат на работниците места или до центарот на градот.

    „Ако имате превоз на секои 3-4 минути, по посебна брза лента, без да се грижите каде ќе го оставите возилото и колку ќе ве чини паркирањето, пологично е да одбререте за 30-40 денари да стасате до центарот на градот со јавен превоз. Моите очекување се дека во првите две години најмалку 30-40 проценти ќе се зголеми бројот на патници“, додава Шилегов.

    Набавката и воведување на новиот јавен превоз би чинела околу 100 милиони евра, а парите ќе ги обезбеди Владата преку кредитно задолжување. За двете траси ќе бидат потребни 60 возила, кои ќе имаат капацитет за 250 патници. Ќе бидат долги 24 метри и на секои 3-4 минути на автобуските станици ќе има возило. Ќе се движат по една сообраќајна лента која ќе биде физички одвоена од другите две ленти за да нема мешање со останатиот сообраќај, со што ќе се гарантира брзина и возен ред. Со воведувањето на трамвајот без шини на улиците каде ќе поминува нема да возат автобуси, за што ќе биде направен комплетно нов концепт за автобуски линии.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира