Канадскиот премиер Џастин Трудо се самоизолира, откако неговата сопруга има симптоми на грип. Кабинетот на Трудо соопшти дека Софи Грегоар Трудо се вратила од пат во Британија и од синоќа има благи симптоми на грип, меѓу кои и благо покачена температура.
Таа е тестирана за коронавирус и ги чека резултатите. По тестирањето симптомите се ублажиле.
„Поради крајна предострожност, премиерот реши да се изолира од работните обврски и ќе работи од дома додека не ги добие резултатите од тестирањето на сопругата“, се вели во изјавата и се додава дека тој нема никакви симптоми.