АРМИЈАТА ДА СЕ ВКЛУЧИ ВО СПРАВУВАЊЕ СО КРИЗНАТА СОСТОЈБА ВО ДЕБАР И ЦЕНТАР ЖУПА, МУ ПРЕДЛОЖИ ВЛАДАТА НА ПЕНДАРОВСКИ

    АРМИЈАТА ДА СЕ ВКЛУЧИ ВО СПРАВУВАЊЕ СО КРИЗНАТА СОСТОЈБА ВО ДЕБАР И ЦЕНТАР ЖУПА, МУ ПРЕДЛОЖИ ВЛАДАТА НА ПЕНДАРОВСКИОд вчера улиците и јавните институции во Дебар се дезинфицираат. (Фото: Општина Дебар)

    Армијата се очекува да се вклучи во справување со кризната состојба во Дебар и Центар Жупа. На денешната владина седница беше донесена одлука за воведување на кризна состојба на дел од територијата на Македонија заради спречување на внесување и ширење на коронавирусот, која може да трае најмногу 30 дена.

    „Владата му предлага на претседателот на Република Северна Македонија да одлучи за учество на дел од припадниците на Армијата во справување со кризната состојба. Главниот штаб при Центарот за управување со кризи веднаш да започне со подготовка на акциски план за превенција и справување со настанатата ситуација на подрачјата на општините, со целосен преглед на расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план на координирано дејствување во кризните подрачја“, стои во соопштението на Владата.

    Со воведување на кризната состојба

    • се воведува забрана за движење, односно влез и излез од подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, како и мерка за воведување посебен режим на движење на населението внатре во овие подрачја.
    • жителите од подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа кои се надвор од територијата на овие општини, може да се вратат во своите домови до полноќ вечерва.
    • се затворат граничниот премин Џепиште – Требиште и граничниот премин Блато.
    • се затвора скијачкиот центар „Заре Лазаревски“ во Маврово.
    • посебниот режим на движење на населението внатре во овие подрачја да го утврди Главниот штаб при Центарот за управување со кризи во акцискиот план за спречување на внесување и ширење на вирусот КОВИД-19.
    • се задолжува Министерството за здравство – Комисијата за заразни болести, да издаде препораки за тоа како и на кој начин да се одвиваат движењата на превозниците во и од Република Грција за дотур  на нафта и нафтени деривати, како и во подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа на кои е прогласена кризна состојба, односно како и на кој начин преку соодветни мерки истите да се заштитат.
    • во препораките од Комисијата за заразни болести да бидат опфатени сите превозници на храна и други производи  кои ќе вршат дотур преку влез и излез на подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира