ПРВАТА ПАЦИЕНТКА СО КОРОНАВИРУС ОЗДРАВЕНА ОДИ НА ДОМАШНО ЛЕКУВАЊЕ, СЕ ТЕСТИРААТ ТРИ ЛИЦА ОД ДЕБАР

    ПРВАТА ПАЦИЕНТКА СО КОРОНАВИРУС ОЗДРАВЕНА ОДИ НА ДОМАШНО ЛЕКУВАЊЕ, СЕ ТЕСТИРААТ ТРИ ЛИЦА ОД ДЕБАРТринасет лица се лекуваат на Инфективната клиника во Скопје, а пет во Дебар. Сите се во стабилна состојба. (Фото: К. Попов)

    Првата пациентка која беше заболена со коронавирус денеска заминува на домашно лекување, соопшти Министерството за здравство. Таа по вторпат била тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација (СЗО).

    Педесетгодишната жена на 26 февруари влегла во земјава со комбе преку Табановце. Сите сопатници и возачот беа во домашна изолација, а тестовите после изолацијата беа негативни.

    Од министерството велат дека здравствената состојба на пациентите позитивни на КОВИД-19 кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна, а петтемина пациенти кои се лекуваат во дебарската болница се во добра здравствена состиојба. Во стабилна состојба е и првата пациентка од Дебар која е на респираторна машина.

    Во текот на ноќта немало нови лица тестирани на коронавирус, а во моментов се чекаат брисеви за тестирање на три лица од Дебар, сите тројца контакти на претходно заболените.

    Во земјава до сега има регистрирано 18 лица заразени од коронавирус, од кои 13 се хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје, а петмина се во болницата во Дебар.

    Министерот за здравство  Венко Филипче утрово имал редовен состанок со Комисијата за заразни болести, на која се разговараше за состојбата со вирусот во земјава, а во моментов се одржува состанок со кризниот штаб во Владата.

    Во 16 часот е закажана седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира