НАШИ ГРАЃАНИ ВО ИСТАНБУЛ ОДБИЈА ДА СЕ ВРАТАТ СО ХУМАНИТАРЕН ЛЕТ КОГА ИМ КАЖАВМЕ ДЕКА ЌЕ БИДАТ ВО КАРАНТИН, РЕЧЕ ДИМИТРОВ

    НАШИ ГРАЃАНИ ВО ИСТАНБУЛ ОДБИЈА ДА СЕ ВРАТАТ СО ХУМАНИТАРЕН ЛЕТ КОГА ИМ КАЖАВМЕ ДЕКА ЌЕ БИДАТ ВО КАРАНТИН, РЕЧЕ ДИМИТРОВДимитров кажа дека сите граѓаните кои сакаат да се вратат со хуманитарен лет ќе треба да се пријават во МНР или амбасадите најдоцна до утре до 18 часот.(Фото: Влада)

    Околу 2.300 македонски граѓани кои се наоѓаат надвор од земјава побарале враќање во Македонија откако се затворени границите и Меѓународниот аеродром Скопје. Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска на прес-конференција во Владата кажа дека оваа бројка досега е пријавена во МНР или во амбасадите и за нив Владата ќе организира хуманитарни летови. Но, сите кои ќе бидат вратени во земјава ќе бидат во задолжителен државен карантин од минимум 15 дена, на трошок на државата. Тој рече дека најголем број од пријавените се наоѓаат во европските држави.

    „Вчера во договор со пријателска Црна Гора имавме еден обид да донесеме една група наши граѓани во Истанбул и да ги качиме на хуманитарен лет организиран од владата на Црна Гора. Штом ги информиравме сите поединечно преку Генералниот конзулат во Истанбул, штом ги информиравме дека ќе бидат во задолжителен карантин, ниту еден не сакаше да ја искористи оваа можност“, изјави Димитров на денешната прес-конференција во Владата.

    Димитров кажа дека сите граѓаните кои сакаат да се вратат со хуманитарен лет ќе треба да се пријават во МНР или амбасадите најдоцна до утре до 18 часот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира