ФИЛИПЧЕ ЈА РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРКАТА НА ОХРИДСКАТА БОЛНИЦА ОТИ НЕ ЈА ПРИМИЛЕ ПАЦИЕНТКАТА ОД СТРУГА КОЈА ПОЧИНА ОД КОВИД-19

    ФИЛИПЧЕ ЈА РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРКАТА НА ОХРИДСКАТА БОЛНИЦА ОТИ НЕ ЈА ПРИМИЛЕ ПАЦИЕНТКАТА ОД СТРУГА КОЈА ПОЧИНА ОД КОВИД-19На увид во болницата се инспектори од Здравствениот и санитарен инспекторат, се работи на тоа каква била улогата на другите во целиот процес. (Фото:СДК.МК)

    Директорката на болницата во Охрид утре ќе биде разрешена, бидејќи пациентката од Струга која почина вчера од коронавирус не била хоспитализирана, кажа министерот за здравство Венко Филипче.

    На увид во болницата се инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, се работи на тоа каква била улогата на другите во целиот процес, по што ќе се одлучува понатаму согласно одговорите на вработените.

    „Засега остануваме на оваа одлука за разрешување, а кога ќе ги добијам одговорите од инспекторите, ќе ги објавиме, сѐ друго би било шпекулација“, изјави Филипче.

    Пациентката на 66- годишна возраст од околината на Струга и нејзиниот сопруг биле дијагностицирани позитивни на коронавирус завчера. Пациентката имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок.

    Според епидемиолошката анкета, семејството на починатата жена непосредно пред прогласувањето на кризната состојба во Дебар (13 Март) биле на гости во Дебар и имале контакт со еден од таму заболените доктори, а по сознанието дека и тој е позитивен на коронавирус, семејството било во домашна самоизолација.

    Откако се јавиле првите симптоми кај починатата, таа на 24 март закажала тестирање на коронавирус преку својот матичен лекар. Материјал за тестирање е земен на 26 март, а резултатите пристигнале во текот на завчерашниот ден.

    Заради нагло влошената состојба на пациентката, матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но до добивањето на резултатите завчера, пациентката не е примена во болница.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира