КОЧАНЧАНКА НА ФЕЈСБУК ИЗЛАЖАЛА ДЕКА Е ЗАРАЗЕНА СО КОРОНАВИРУС, ДОБИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЛАЖНА ВЕСТ

    КОЧАНЧАНКА НА ФЕЈСБУК ИЗЛАЖАЛА ДЕКА Е ЗАРАЗЕНА СО КОРОНАВИРУС, ДОБИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЛАЖНА ВЕСТДевојката уште ѝ ги повикала преку Фејсбук сите што биле во контакт со неа да се тестираат, а таа воопшто не се тестирала. (Фото: Пекселс)

    Девојка од Кочани во понеделникот ги испаничила своите сограѓани кои со неа биле во контакт претходните денови, откако на фејсбук профилот лажно објавила дека има коронавирус. МВР за нејзиниот црн хумор ѝ поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство.

    Освен што излажала дека има КОВИД-19, туку преку Фејсбук, сите со кои била во контакт ги повикала масовно да се тестираат.

    „ОВР Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против С. А. С. (23) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, предвидено по чл. 206 од Кривичниот законик. Пријавената, на 31.03.2020 година во 16.14 часот на својот Фејсбук профил, објавила лажна вест дека е заразена со коронавирус и ги повикувала сите кои биле во контакт со неа да се тестираат за КОВИД-19, иако таа не била тестирана“, вели МВР.

    Девојката, која воопшто не била тестирана за коронавирус, ќе одговара дека ги прекршила мерките и прописите за време на оваа пандемија, односно за истото кривично дело што им се става на товар на лицата кои самоволно излегуваат од (само)изолација, што подразбира од парична до затворска казна. Обвинителот ќе одлучи каква казна ќе побара за невкусната шега на девојката.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира