СЕДУМ НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ВО КУМАНОВО, КРИЗНИОТ ШТАБ ПОБАРА МАРКЕТИТЕ ДА ВРШАТ ОНЛАЈН ПРОДАЖБА И ПОВЕЌЕ ДЕЖУРНИ АПТЕКИ

    СЕДУМ НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ВО КУМАНОВО, КРИЗНИОТ ШТАБ ПОБАРА МАРКЕТИТЕ ДА ВРШАТ ОНЛАЈН ПРОДАЖБА И ПОВЕЌЕ ДЕЖУРНИ АПТЕКИВозрасните групи се движат од 27 најмладиот пациент, па до најстарата возрасна група 70 години, меѓу нив нема медицински лица, кажа Институтот за јавно здравје Куманово. (Фото: СДК.МК)

    Седум новозаболени од коронавирус се регистиррани во Куманово. Од нив шест се од Куманово и еден од Липково, информираат од Центарот за јавно здравје од Куманово.

    „Во текот на изминатите 24 часа, имаме нови 7 случаи заболени од коронавирус. Од нив 6 се на подрачје на Општина Куманово и еден на ниво на подрачје на Липково. Возрасните групи се движат од 27 најмладиот пациент, па до најстарата возрасна група 70 години. Меѓу нив нема медицински лица. Се прават епидемиолошки анкети се бараат нивните контакти за да навремено се изолираат и да се преземат сите за спречување на ширење на инфекцијата и нивно навремено лекување“, изјави д-р Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за Јавно здравје во Куманово.

    Од вчера во Куманово се вршат тестрирање и земање на брисеви на нов пункт преку матичните лекари и во текот на вчерашниот ден се тестирани 18 лица, од кои 7 се позитивни.

    Од центарот аплираат до граѓаните да ги почитуваат мериките од министерството за здравство, Владата и локалната самоуправа, како самоизолацијата за да не се шири вирусот.

    Општинскиот штаб за заштита и спасување, на денешниот состанок побара од Владата да овозможи маркетите да работат на испорака на храна и да има повеќе дежурни аптеки, бидејќи дел од граѓаните вчера не успеале да купат сè што им е неопходно додека трае полицискиот час.

    „Бараме од Владата под итно да донесе мерка со која ќе овозможи работа на маркети и продавници кои ќе вршат телефонска и онлајн продажба на прехранбени продукти и диструбуција до купувачите на домашна адреса во деновите кога трае целодневниот полициски час. Општинскиот штаб за заштита и спасување до сега има информација дека дежурна аптека во градот е ‘Провиталис’ (031/415-303). Штабот апелира и до другите аптеки во градот да воведат ваква услуга за дежурства и да ја почитуваат одлуката за Комисија за здравство и владата и за тоа да известат штабот“, изјави градоначалникот Максим Димитриевски, кој додаде дека утринава добил и една добра вест, неофицијална информација дека е излекуван еден пациент од коронавирус од Куманово, кој бил меѓу првите заболени во градот.

    Дежурен телефон за информации на Општинскиот штаб за заштита и спасување е 078/365-061. За помош на најзагрозени социјални случаи за асистенција при набавка на неопходни продукти се броевите 075/207-126 и 077/719-494.

    Од Кризниот штаб апелираат до граѓаните при појава на било какви симптоми кои можат да укажат на инфекција со коронавирус, веднаш да го исконтактираат својот матичен лекар и ако бидат упатат до болница да не одбиваат хоспитализација ако тоа им е препорачано од дежурниот лекар.

    Согласно препораките на Владата и информацијата од МВР, сите граѓани кои имаат потреба за итни излегувања од дома за време на полициски час (потреба од медицинска услуга, работно ангажирање и друго) да го најават своето излегување на телефонскиот број 192 .

    Куманово од синоќа во 21 часот е во продолжен полициски час, кој ќе трае до понеделник во 5 часот. Одлуката беше донесена од Владата, откако бројот на заразени од коронавирус во Куманово се искачи на 85, а 23 само во еден ден. Од нив 11 се медицински лица, со што вкупно досега заразени се 15 здравствени работници.

    Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници во јавните и во проватните здравствени установи, како и матичните лекари, кои своите работни ангажмани ќе ги реализираат непречено.

    Денеска улиците во градот се празни и се почитува полицискиот час.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира